Беше тоа далеку во детството и оној работеше во тајфата од татка му, и го викаа Ристан, и можеше да подигне колку за петмина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога ќе влезеа в село гостите од Брезница во тајфа, децата со врева ќе потрчаа напред и тета Сандра, зашто куќата им беше овде на патот, ќе ги чуеше клакарчето на Шишмана, знаеше дека нејзините ѝ идат на гости.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од таквите, велеле, се бега и по неврвици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш еден од работниците, познат во тајфата како шегаџија, пискливо се насмеа, кога Веле го искачуваше скелето целиот испотен, изморен, со отворена уста, свиткан и поклопен од широките штици, што му беа на грбот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Роса на нив им ја придружува и тетката Перса, додека Пелагија и Пеличка се замешаа во тајфата на Роса и станаа дел од неа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)