Од тие причини британската влада не сакајќи да биде официјално вовлечена во такви активности постоењето на СОЕ го држела во тајност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Покрај поставувањето прашања за одделни реакции на терапевтот, членовите на тимот можат да бидат повикани да разговараат за размислувањата на терапевтот околу актуелниот процес на терапијата во текот на разговорот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оваа транспарентност на практиката претставува предизвик на општо-прифатената идеја дека за да ги има своите сакани ефекти, делувањето на терапијата треба да се чува во тајност, идејата дека ако луѓето знаат што прават терапевтите, тогаш терапијата нема да успее.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Очигледно, степенот до кој еден одреден настан од животот на уметникот има влијание врз неговиот креативен процес е невозможно да се утврди со прецизност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во случајот на Дишан, обидите за психолошко исчитување на неговиот живот и неговата уметност се покажаа како исклучително безуспешни, пред сѐ затоа што тој внимателно ги држел во тајност информациите од својот интимен живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Иако овие дела веројатно биле наменети за затворен круг соодветни приматели, Дишан бил доволно интелигентен да знае дека еден ден тие ќе се изменат, но не додека не ги изгубат сите можни консеквенци врз животите на оние на кои им се наменети - како во случајот со вализе- то на Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На пример, врз база на цртежите кои исто така беа вклучени на изложбата во Палацо Граси и насловени како “Etant Donnes: Maria, la chute d’ eau et le gaz d’�clairage”; земајќи ги предвид: “Марија, падот на водата и гасот за осветлување”(1947), заклучуваме дека Марија Мартинс можеме да ја сметаме за инспирација за споменатото табло на кое Дишан работел во тајност последните дваесет години од својот живот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Средбите ги одржувавме во тајност.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Останува во тајност, додека да дојде моментот тоа да се случи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И ми раскажува мене, во тајност, божем не знае дека 3 минути не можам тајна да сочувам, а јас фаќам белешки од нејзиното раскажување и едвај чекам да испијам едно кафе со сонувачот, кој веќе глава на перница нема да стави без неа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Плус, пред некое време се откри дека правела некои работи во тајност, позади грб на целата фамилија.“ и повторно го погледна значајно Петар.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И така сето ова го работев во тајност, бидејќи никој од шефовите на студиото немаше поим за Шифтановата постапка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Само сѐ ова треба да го држиш во тајност - му рече Горјан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)