До ѕидот е потпрен портрет на недовршена старица, сета во тантели и со бело ладало.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Балканот ѝ е јазав со тешко воспаление, но таа танцува во тантели, ѕирка низ лорњон во напудрени танчерки, се капе во пена на проодни задоволства. Далеку е уште од агонија.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)