Тоа што остана во тавата од син ти, - лутината на Анѓа сѐ уште не ѝ беше минала.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ми се јави една тетка и јас ѝ кажав дека сум гладен а лебот изгорел в тава.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се прибра во колибата, стави малку маст во тавата, стави топла вода, во неа сол, па во таа топла, масна течност, го надроби како камен стврднатиот тричник.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Впрочем, еднаш, кога испече јагула во тава, според начинот како што ја подготвуваше нејзината свекрва, а ни ја донесе рибарот од соседството, забележа дека Татко не сакаше да ја вкуси.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
На Бадник, празникот кој им значеше живот на моите домашни, бидејќи редовно се колеше по едно живинче, оваа година на мојата трпеза се најде едно младо, невино, штотуку од цицка оттргнато јагненеце, сирото толку се беше смалило од печењето што целото така расчекорено со сите четири, го собра во тавата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)