Таа жена се губи во сопствената реченица како мало дете во супермаркет... - се гушеше Лари во очајнички бес.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
- Овие не се здрави. Ќе ни го делат Скопје по Вардар.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тој со себе постојано носи пластично шише со чиста вода, купено во супермаркет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- А дали одеа да пазаруваат во супермаркети со големи колички и цели да ги наполнат, па одвај да се вратат дома? – прашав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Баш така! И јас одев со нив и можев што сакам да ставам во количката.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Додека Мо, размислуваше дали Вици се гледа со некој Вени ... едни земји излегуваа од рецесија, за потоа да влезат во свински грип, Џералдин се разнесе во супермаркетот каде не можеше да го најде својот Бог, Марио и Славе продолжуваа да се тепаат за школската ужинка, General Motors отпушти 10.000 работници, Лира и Вања се кубеа за коса, за тоа која - чиј дечко земала, бројот на жртвите во ураганот Катрина достигна 1836, Во Церн сѐ уште преговараат дали после експериментот, Земјата ќе ја голтне црна дупка - веднаш или неколку дена потоа?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во написот со недвосмислен наслов „Семејни вредности“, Калифија-Рајс (претходно писателката лезбејка Пет Калифија) даде приказ на настраното родителство во кој ја нагласи неговата лишеност од настраност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некаква видлива агресивност почнала да им го полни настојчивото тврдење дека се толку здодевни, толку конвенционални и крајно нераспознатливи од сите други.
Неодамна во рубриката Мислења во Њујорк тајмс во напис за можноста Американците да изберат отворено геј-претседател, Морин Дауд го цитира Фред Сајнц од Кампања за човекови права, геј-организација за политичко лобирање со седиште во Вашингтон, кој „му се жалел на сопругот дека геј-претседател би бил антиклимакс. ‘Луѓето очекуваат бизарен тип и чудно однесување’ ми рече. ‘Ние секогаш сме ти оној смешниот комшија што се носи шарено и авангардно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Би ги изневериле луѓено со својата здодевност и баналност кога ќе разберат дека во недела попладне одиме во супермаркети, дека си ги носиме децата на училишни претстави и дека гледаме филмови’“.456 Избирањето геј за претседател, наводно, не би сменило ништо: никој нема да ја види разликата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа ја ширеше мрзата и во супермаркетите. Кога требаше да плати за купените производи, заспиваа сите што чекаа ред до неа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)