Како што се смалува биосферата на светот, така се смалува и биосферата на телото. 18 okno.mk Tracy Warr СПИЈАЧ 1 ДЕЛ: РИЗИКОТ И ТЕЛОТО НА УМЕТНИКОТ Секоја уметност е ризична за уметниците бидејќи тие своите најдлабоки перцепции ги изложуваат пред сечиј поглед.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Поради тоа уметниците се прогонуваат ако нивните замисли се во судир со доминантните религиски и политички идеологии на нивното време.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ги поврзуваше искуството од големите страдања во судирите на животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Рајт докажуваше дека услов за убедливоста на кој и да е аргумент против приватниот јазик е дека тој треба да ја допушти контингентната приватност, бидејќи во спротивно, како што истакнува тој, ќе се тврди далеку повеќе, и ние не ќе бидеме способни да најдеме смисла во она што го прави некој Робинзон кој, на пример, самиот се учи да игра со Рубикова коцка исфрлена на неговата плажа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но доколку повторно ги разгледаме барањата на аргументот за следење на правилата, гледаме дека ограничувањата на заедницата врз она штоможе да се смета за следење на okno.mk | Margina #15-16 [1995] 67 правила, доаѓа во судир со идејата за контингентна приватност, и тоа на два главни пункта.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За тоа сведочат и обични рибари, спасувани лично од него, во судир со окупациските власти, обвинувани за риболов или за ситна контрабанда, за да си ги нахранат бедните семејства, без да ги знае нивните врски со партизанското движење.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А Ване го препознаваше по гласот уште пред да му влезе во видот, зашто стариот беше познат шегобиец со одврзан јазик што правеше шеги прво на своја сметка, а потаму на сè погорни адреси, додека не дојдеше во судир со кој и да е режим, кои сите од ред го водеа во своите црни списоци де како комунист де како анархист.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сега стариот молчеше како да му е изваден тој проклет јазик, па дури и не го подигаше погледот не да не се погледне в очи со жената колку да не дојде пак во судир со режимот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Од таму, невозможноста повторно да се разгорат огновите од 68-та: да дојде до повторно преиспитување на науката во судирот со самата власт - експлозивните контрадикции меѓу знаењето и власта (или откривањето на нивното шурување, што се сведува на исто) на универзитетот, а со самото тоа, со симболичната (повеќе отколку политичка) зараза, во севкупниот институционален и општествен поредок.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во оваа интроспективна состојба, мислите и емоциите често се во судир; читањето може да ве онерасположи или да ве инспирира, понекогаш сте принудени да ги одвоите очите од страницата за да ги средите чувствата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој имаше силна внатрешна моќ, широка и добра душа, но кревко срце кое лесно доаѓаше во судир со спротивставените властољубиви, кариеристички, бирократски сили.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Често доаѓале во судир со самата османска држава при што биле разоружани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, посебно запре на Речникот на излитените идеи на крајот на романот Бувар и Пекуше, кои произлегува од автодидактичкиот резон на јунаците на Флобер во судир со науката, со гротескен, хуморен и комичен ефект!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафатовата легенда дека ќе живее вечно и дека еден ден сите бегалци ќе н врати во слободна Палестина во нашата свест ќе стаса до метафизички граници.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, за волја на вистината, мора да се рече дека изненадувањата кои ги приредува животот се вон метафизичките сфери, тие се и во жестоката реалност на антагонизираниот свет, во судирот на протагонистите на непомирливите разлики.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој всушност ги повторуваше зборовите изречни пред триесет години (1968 година), кои беа пречекани на нож од еврејска и палестинска страна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зборовите, стихот, нашите судбини, нѐ доближуваа до камиевската медитеранска потрага по апсолутното во судир со апсурдот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поминаа многу години во судири, жртви и нови недоразбирања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И небото има свои народи и свои војни!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поетот пееше: Малку небо ми е доволно за да патувам за да го стигнам мајкиниот сон, небото го носам на плеќи а мојата земја е ваша и дали една книга ќе ми го исполни слободното време во тоа безвреме...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За нас, децата, Мајка си ја задржа, до крајот на животот, таа ведра насмевка, тој благ израз кој нѐ штитеше, нѐ смируваше во судирите со животот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Адвокатот ноќе чита, а дење ги брани луѓето во судир со државата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Зголеми го растојанието, пламни
од долгото гледање во истиот свет, овој свет
од беглиот допир со стварноста
- од нејзината развратност, од нејзината понорност
од таа скривница во сударот со измисленото
од таа родна куќа, тој нерешлив спор
меѓу сонот и јавето –
побегни толку далеку што да истинеш од желба
да се вратиш, оддалечи се толку многу
што да немаш кога, што да немаш младост
да се вратиш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Градски сказни – секојдневното реално во судир со интимноста.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Но, интимната сфера не е „ослободена од економски функции“ (Маркс); приватното подрачје на патријархалното семејство е обележано со неплатен труд, сопственост на имот и доминација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Друго клучно прашање е улогата на медиумите во јавната сфера, што Хабермас ја посматра само во негативна смисла, како еден од факторите кои придонесуваат кон 105 Како одговор на таквите критики, Хабермас во 1992 година напиша дека сфаќа оти „од самиот почеток доминантната буржоаска јавност е во судир со плебејската“ и дека тој го „потценил“ значењето на опозициските и небуржоаски јавни сфери.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од година во година таа нејзина заинтересираност станувала сè поголема низ историјата, а во XX век, веќе дефинираниот интерес дошол во судир со интересите на Австро-Унгарија и Русија, а во текот на Втората светска војна со СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во судирите и падовите на империите најасно го согледуваше трагизмот на балканските народи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овој народ, кој живеел меѓу рисјаните и муслиманите и кој не влегувал во судири со нив, не може да се определи која вера е за него подобра.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во годината кога се решило да се дигне востание во Македонија, не само што во Европа владеел мир, туку сите големи сили во судирот меѓу МРО и Турција биле на страната на последнава.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)