во (предл.) - строј (имн.)

За тоа време тој беше казнуван неколкупати.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Разбирам, господине капетане! - одговори Гоце, поздрави и се врати назад во стројот на своето место.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А најтешко е кога ќе треба на враќање да се пребројат: четата или десетината е проретчена и гледаш - мнозина нема во стројот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И кога се ракувавме со смртта дишевме, бесрамно тврдат И брзаат да се засолнат во стројот на мртвите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тој го сфати мојот поглед, разбра што сакам, и токму кога Луција стигна трета во стројот, викна: „Лудвик, замени ме; морам на едно место“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека војската нема никаква врска со патриотизмот; се повикав на Ајнштајн, кој има речено дека човек кој може да маршира на воена музика, во строј, очигледно добил голем мозок по грешка, и дека за тоа му е сосема доволен малиот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку загинати, толку ранети, толку останати во стројот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секој погреб таму во планините почну-ваше и завршуваше со повици за победа, а одењето на соборецот беше само празнина во стројот, во ровот, во земјанката, во редот кога стоевме пред казан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега не сме во строј, а чекориме како да сме во строј...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се растуривме на сите страни. Кога се собравме, меѓу нас во стројот немаше шестмина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе го снема стројот, строевиот чекор, долгото трчање по макадамот покрај морето и трчањето пругоре сѐ до кралската палата, немаше марширање и со песна, на морнарите не им ја земавме лединката, и под разгранетата врба не стоевме во строј и не се колневме во генералот Маркос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секој примерен беше задолжен со по еден таков лош другар во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тешко на тие што забораваа на редот, тешко на тие што не знаеја да стојат во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не ве забележува дека сте крај него во стројот, ослепел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Почна да трча од одделение до одделение, да душка како загар, проклет да бидам, како загар, да се загледува во секое лице со таков израз како да препрашува: - Ти, скоте, тука ли си, во стројот, !
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Улаво, слепо трчање по тесни, темни скали, - сите во строј, сите во строј!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Постарите веќе имаа научено, знаеја дека во стројот треба да се гледа право во челото на татенцето, другарот Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секое задоцнување во стројот тој го разбираше многу лошо; мислеше дека е тоа вперено директно против него за да му ја расипеме карактеристиката кај татенцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Единствено другарката Оливера Срезоска не си дозволи таква слабост, за цело време си остана закопчана, цврста, во редот, во стројот, иако и таа кутрата изгледаше мошне измачена и бледа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, тој како да не беше во стројот, како да не одеше по тој грутчест, трапчест, полски пат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зимата на 15 февруари тој се врати. Тоа беше изутрина, бевме во строј. Ја пеевме химната. Проклет да бидам, химната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За малку време сè што стрчеше беше скастрено, немаше никакви неуредности во стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми го одредија за другар во стројот. Проклет да бидам, другар од стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сотир амалот, малечко и слабо човече, веднаш се пикна во стројот да носи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас стоев. - Војнику Харилае, сега врати се во стројот!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Не смее да се сопнува. Тој е во строј, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еден по еден, онака како што си ги слушаа имињата и презимињата, ги оставаа своите ранци и, викајќи “јас”, застануваа во стројот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајорот погледна во хартијата и, откако го прочита моето име и презиме, со заповеднички глас викна: - Војнику Харилае, врати се во стројот и верно служи и на татковината!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Некои од нив оделе и во строј, пееле војнички песни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дачо нерасположен и скиселен продолжуваше да спие со Ранч, а и Ранч продолжуваше со своите зајадливи боцкања: штом ќе дојдеше време да се јаде, Ранч ќе влезеше во стројот крај Дачо и зајадливо ќе му дофрлаше в уше: - Ако не дадевме ние пари за тебе, ти немаше да дојдеш ваму.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Старешината Раде погледна во стројот и праша: - Кој сака да го отепа?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ме вратија во стројот, одржаа говор во кој пред останатите ме истакнаа како пример што не треба да се прави и одново јас лева - десна ја чував оградата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Комесарот ја подигна батериската ламба, одново ги осветли лицата и нареди: - Сите надвор и во строј по еден!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка тивко, без збор, седна до Зоја, којa пред недела дена се врати во стројот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Војникот се врати во стројот, овој што дојде застана покрај командирчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)