Но сега учесниците на игри на среќа што животот милозливо од страст во страст ги води наместо на лудите руски глави старата вештина ја испробуваат на гулаби од глина.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Напротив, тој беше создаден за мечтател, во кого мислите знаеја да закружат високо, и во кого не едно чувство и не една желба се посреќаваа, се подгреваа, некои и се судираа, но никогаш да поминат во страст и во пројава.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа полека му мина во страст, во навика, па дедо му Димо, ценејќи ја и почитувајќи ја таа убава навика, се трудеше средната греда од таванот во тремот, секогаш да биде слободна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)