Повремено измеќарот оди кај аргатите и им носи вода во стомните за да не доаѓаат тие под сенката и да не се губи време во преидување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стојат, ама кога ќе ги сместиш во стомна. Или кога ќе замрзнат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Миг е кога крвта созрева во плодот и кога во стомните девојките носат студени кладенци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Се измивме на јазон, фрливме вода преку рамена, и се токмам да разотворам врати, пенџериња, да ја сменам водата во стомните, да заметам, да проветрам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)