Моето вжештено убедување воопшто не му пречи на насмеаниот доктор Мев со сласт да го проголта последниот залак од еклерот: Смири се, другар - ме запира, стасува да нарача „кафе, погорчливо“, па спуштајќи се во столицата, почнува: - Јас сум оп-тимист!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ги изгазија прос(о)то и му велат на пратениците: - Еве - вика - го видовте просто како го согазивме, не го бројаме, и така Персија ќи ја согазме!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Вечерата протекна језиво мирно. Фјодор ги поапа своите две порции шпагети, подригна задоволно, се завали во столицата повремено драпкајќи се помеѓу нозете.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Персијскиот цар: „Ех, ех - се насмеја - цар Александар ќи дојде мен да ме бие!“ Фаќа товара 3, 4, - 5 камили просо, му ги праќа во столицата на цар Александар.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Жените го гледаат ова чудовишно собитие без збор, без гест; само ширум отворени очи во чии зеници се одразува феноменот на Фјодора како неверојатно Бабилонско божество.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А, кои се тие што јас не ги знам! - дофрли Томо лулајќи се во столицата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)