Освен тие два формални маниризми и ликовните и песните со букви, Курциус пронаоѓа четири „главни вида“: 1. logodaedalia, т.е. употребата само на едносложни зборови во стиховите; 2. асиндет кој го исполнува целиот стих, т.е. натрупување на зборови во стихот; 3. versus rapportati, т.е. „повеќе вкрстени набројувања, при што именките, глаголите, придавките, прилозите итн. најчесто доаѓајќи во тројства можат да се препознаат како взаемно припаѓачки елементи дури со разрешувањето на целата стиховна комбинација, а обликот на реченицата што се слуша заведува на лажни патишта, се губи, и станува погоден само за окото“.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Таа трае и царува, рие и поткопува, тлее и тишти сегде, а најмногу во стихот распнат како Христос врз крстот на зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Се сеќавам, една пријателка на моја пријателка, многу одамна, го откачи дечкото оставајќи му кратка порака во стих: „Цело време ми го читаше Ниче, а ниеднаш не ме фати за пиче!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Уште од самите почетоци јас сум обраќал внимание на говорниот јазик и сум барал за него простор во стихот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И за секоја инспирација која исцрпена од нив, за да се пренесе на сите како одраз на времето, неблагодарно кон нив, ја фатив во стих.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Не прашувај од каде тие зборови кои душата ја параат, од каде тагата, суровоста и женственоста во едно, нежност во стихови.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Стихот „Везден мислам на тие што вистина биле големи“ веќе никако не може да се сфати сериозно кога првото лице во стихот ќе се лиши од величието и од патосот ако се преправи во домашна дива.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или „не ми ти може мајка ти поинаку – многу ми те сака“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вреди да се постави тоа прашање, зашто хипстерската стрејт-иронија денес е веројатно доминантниот начин за откинување и присвојување делчиња од главнотековната култура и за нивно преобликување во средства за културно дисидентство, преку процес кој ѝ е аналоген на машката геј-културна практика што ја разгледувавме досега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
В. Х. Оден успеал засекогаш да го растури најпрочуениот стих на Стивен Спендер токму со таква кампска субверзија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ААААААААААААААААААААААААХ!!!!!!!!!!!405
Што прави Милдред Пирс за Соник јут?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Мајка ти везден ми ти мисли на тие што вистина биле големи“ го разобличува еднаш засекогаш сето поетско „Јас“ на Спендер како поза, како мелодраматична изведба.318
Мелодрамата, знаеме, е категорија што обично се применува за туѓото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пиесата беше напишана во стихови.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Таму, како во стихови на песната на Миладинов „Тага за југ“: „Овде је мрачно и мрак м’обвива/...а вгради студој и мисли темни“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Неговите мачни животни мигови биле отсликани во стиховите, но тие го виделе тоа дури после неговата смрт, всушност, после гледањето на филмот на Антон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Фантазијата и реалноста преточени во стихови се вистинска работа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во нејзината глава, како на разбој расфрланите зборови, почнаа да се вткајуваат во стих.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа: вљубена во свилата и годините на студентскиот театар кога јас ѝ ја натокмив улогата што еве ја игра и сега па го повторува делот од монологот за клетвата во стихови од Мајаковски на сет глас, клетата бара спас за реченото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Везирот долго седеше над таа молба со раширени раце, притискајќи го со едната дланка натписот во стихови, а со другата сметките на градителот и нацртот на мостот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во што пука тате, прашува ќерчето. Во што пука тате, прашува синчето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Везирот му обрна внимание на муалимовиот натпис во стихови, пополека ја крена раката и двапати го прецрта целиот натпис.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Малку по малку, исчезна сосема и оној од разораната земја и од расфрланите предмети што ги опкружуваат сите нови градби; народот ги разнесе и водата ги однесе искршените колци и парчињата од скелињата и преостанатата граѓа, а дождовите ги измија трагите од каменорезачкиот труд.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И во оваа збирка, како и претходните, сето нејзино постоење преточено е во стихови со кои е опточено нејзиното севкупно бивствување.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
- Но јас не сум историчарот во стихови на Палестина! Ниту сакам да бидам симбол. Не сакам да го носам тоа бреме!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги осудуваше верскиот интегризам и насилното населување на палестинските територии.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Колку многу имаше фатално навестување на смртта во стиховите на Махмуд Дарвиш: Го оставам срцето во долапот на мојата мајка која го оплакува времето што нема да се врати!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Биди што си каде и да си Понеси го само товарот на твоето срце И врати се кога сите земји Ќе ти станат татковина Махмуд Дарвиш Нашите средби се само збогувања на крстопатите на зборовите!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сметаше за историчар во стихови на својата Палестина, ги беше поместил во зборови соништата на Палестинската држава и беше еден од ковачите на нејзиниот идентитет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеше секако да се разбере Махмуд Дарвиш, поетот кој постојано тврдеше дека не сакаше да биде разбран само како поет на палестинската кауза.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Желбата на записот е повеќе да се опише отколку да се објасни, и за мене самиот, досегашното повеќедецениско молчење, здржаноста да се доискаже во стихови мојот однос кон Рацина и кон неговото пеење, поривот но и несигурноста на моето доближување до него, почитта па отаде и стрептежот од јавно кажаниот збор на што толку мудро ни укажа Блаже Конески, дрзоста и дораснатоста на младиот поет да проговори со јазикот на песната за Рацин, за Рацин што го пробуди во нас идеалот на јазикот и убавината на поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
А. ПАВЛОВНА: Дека е тоа нешто средно меѓу песна во проза и проза во стихови.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
- Жолтко мавташе одобрувачки со главата. – Точно е дека и растурените зборови по хартијката со разумен напор ќе успееш да ги вратиш во стихот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
КУРТА: Ооо!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Последниот балкански вампире во стихови!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
КУРТА: Бум, а?
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
ТВ ЛИЦЕТО: Вампир во стихови!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Денес нема што да се чита во „Ослобоѓење“ ниту на лицата на минувачите во градот, а и ѕвездите некако поинаку сјаат во стиховите на младите поети.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
„Ја немам дарбата на Хорациј да те претворам во стихови, но можам да те наречам љубов, зошто Ти си љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Топли очи кои ми донесоа радост во срцево и мир во душава.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во 1946 година излегува од печат првата негова детска збирка песни „Македонче“, во 1947 година поголемата приказна во стихови за деца обработена по народен мотив „Мице“, во 1948 година „Школско ѕвонче“ и „Во полската куќичка“ и во 1949 година излегува од печат книгата песни за деца „Крај огниште“.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)