во (предл.) - статија (имн.)

Во статијата објавена во „ББЦ Мјузик магазин“, посветена на амузикалноста, авторот Лорин Стујарт, пишува дека причината што амузикалните пеат фалшливо се крие во тоа што не ги слушаат тоновите излезени од нив самите и поради тоа не се во состојба да се корегираат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во статијата Јосип Броз Тито во најкратки црти ја прикажал борбата што ја воделе народите на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Правејќи осврт врз дотогашното пишување на сојузничкиот и неутралниот печат, Тито во статијата ќе забележи дека во дотогашната светска историја тешко ќе се најде пример на „поголем цинизам и неправда што се направени на еден народ којшто поднесува толку големи жртви“, за најпосле да можат сојузниците сепак да увидат „кој се бори во Југославија и кому треба да му се помогне“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во статијата каде што прочитав за праксата на Македонците проблемите да ги решаваат со лекови наместо со разговори, стои уште и следново запишано: „Поради присутсво на стигма за овие услуги, многу луѓе живеат во темнина...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во неа биле опфатени, по хронолошки редослед, сите настани што се случувале на територијата на Југославија, од 27-мартовските настани, преку шестоаприлскиот напад и капитулацијата на Кралството Југославија, до прикажувањето на раководната улога на Комунистичката партија на Југославија во организирањето на НОД, како и неуспешните преговори со генералот Дража Михаиловиќ и почетокот на неговата соработка со силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на бројната состојба на НОВ и ПО на Југославија, Тито ќе истакне дека "денес ние имаме армија од 300.000 борци, опремени со оружје, што го земаше од непријателот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поради тоа Георги Пирински во статијата ја презентира историјата на македонскиот народ, задржувајќи се притоа на националноста, географската положба, а посебно на националноослободителните движења на македонскиот народ низ историјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Поголем простор во статијата Георги Пирински ѝ посветил на Народноослободителната војска на македонскиот народ, "како дел од Народноослободителната војска на Југославија", која "се бореше под врховната команда на маршал Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)