Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така, изборот на Татко меѓу двете граници преостануваше во сталинизмот, на оваа страна во бавно исчезнување, а на другата страна во чудовишно воскреснување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Татковите размислувања беше фатално што реката, која истекуваше од Езерото, ја минуваше границата на родната земја, влегувајќи во сталинизмот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)