во (предл.) - стадо (имн.)

Шетаа сами низ градот, како бели привиденија, во фурии, неретко во стадо, особено кога одеа на плодење кај прчовите на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште ни не бевме решиле кој во која уличка да сврати а веќе нè престорија во стадо што мораше по истиот пат да се врати на бродот. Ќе ме прашаш како се чувствувавме?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Француските елитни кози во славна мисија да ја спасат Македонија, како некогаш нивните балкански посестрими се претопија во стадото на еден од поуспешните козари, сточарски бизнисмен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)