Ваквата постапка ќе го доведе до заклучокот дека единствено нешто во што не моæе да се сомнева е дека тој самиот е тој што се сомнева, па така мислењето (бидејќи сомневањето е мислење) станува основа на неговата теорија на познанието, изразена во прочуениот став - Цогито ерго сум.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сигурноста во сопственото постоење, изразена во ставот „бидејќи мислам, Јас знам дека постојам или имам дух, односно душа“, ќе го доведе Декарт до остра дистинкција помеѓу духот како мислечка супстанција и телото како протеæна супстанција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Откај паметникот Голијат ќе ја раскрилувал престолнината на вистината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ноќта да стои во став мирно, во ноќта луѓето потајум да си се бараат самите себе си, севезден да седат голи и боси, да сушат алишта и чорапи на полна месечина, да јадат тврд леб и меки патлиџани, со некое зрнце сол.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тоа беше заедничко во ставот на возрасните.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така во шаторот главен беше асистентот - снимател, а Геро си ја сфати таа улога како да командува цела бригада - недостигаше уште јарбол пред шаторот и подигање на знамето во став мирно.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Аполинер е цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото тоа би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Би настанала вистинска јазична војна во Европа, па и во светот!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се повикуваат, во одбрана на оваа космополитска теза и врвни авторитети, како Гијом Аполинер, кој бил цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Инструкторката повторно ги повика во став мирно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кај еден член на Партија, од друга страна, не може да биде толерирано ни најмало скршнување во ставот, дури и за најневажни прашања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да стојам пред тебе во став мирно?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стоејќи во став мирно, ги, следевме вестите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нумо удри со патерицата по подот, застана во став мирно, се исправи, подигна глава и, гледајќи некаде пред себе, војнички рапортира: - Пушкомитралезецот Нумо Дамовски се јавува доброволно за првата линија...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Застанав во став мирно, онака војнички, рапортирав и реков: - Господине мајоре, дозволете ми да потпишам... се покајувам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Стоевме во став мирно и ја чекавме неа.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Потпишав. Се исправив. Стоев во став мирно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Застанавме во став “мирно”, со оптегнати раце крај телото.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Високиот направи чекор напред и рече: - Пушкомитралезецу, оди во својата барака и чекај повик.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ветрот е во став мирно а и галебите не гракаат под сувата грмушка во песокта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тоа е очигледно од телеграмата што била испратена на 5 февруари 1941 година од Форин офис до Рендел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Оваа интервенција на агентот предизвикала извесно поместување во ставовите на британските експерти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој сосема реално расудувал дека "ништо не може да ја извлече" Југославија од "руската прегратка".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Таа се состоела во ставот да се напушти Југославија, а со сите достапни политички и воени сили, британскиот интерес да се насочи спрема Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
- Таа застана пред него во став мирно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наеднаш тишина. Сите присутни застанаа во став мирно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стражарот во став мирно, на само неколку чекори од влезот, гледаше во небото.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Командантот ја подигна слушалката и веднаш застана во став мирно.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)