Според нив, „таков еден аранжман економски може да биде корисен, а присуството на меѓународните власти може да послужи да се зголеми стандардот на локалната управна власт, под услов да се воспостави ефективна меѓународна власт со можност да интервенира во спречувањето на неправдите докажани од нејзините органи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Поуката која од ова можеме да ја извлечеме е дека за политиката за спречување на наркоманијата може да се размислува и на поинаков начин, поконструктивно, така што би се спроведувала паралелно со борбата против причините за наркоманија. Расправата за легализација е погрешна бидејќи го одвраќа вниманието од ваквиот пристап.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, земјите кои паралелно се залагале за регулатива и за спречување на причините, а не за легализација, постигнале многу повеќе успех од Соединетите Држави во спречување на наркоманијата (и криминалот), така што Америка, според мене, би требало од ваквите искуства да извлече поука.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Секако би било наивно да се очекува дека ќе следува политичко смирување со овие мерки и мора искрено да се признае дека овој начин, кој можеби е единствено остварлив, имајќи ја предвид политичката ситуација, тој секако не го дава крајното решение ниту за македонскиот ниту за балканските проблеми".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)