А сонуваше разни соништа: како куќата станува подвижна: ту се наоѓа в планина, ту се наоѓа в поле, ту со неа патуваат како да е на тркала, ту летаат по небото, ту пловат по езерото како да е брод; но бродот се дупнува, се полни вода и тие почнуваат да тонат; но писокот нејзин ги спасува од давење; се буди и гледа како Бандо во спиењето и ја ставил раката на грлото и ја притиска; од тоа таа не може да дише, здивот ѝ се зема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Беше речиси утро кога легнав на креветот, жалејќи зошто нема да стигнам на време на плажа, зошто после бурната ноќ, морав да го поминам денот во спиење за да стигнам свежа на работа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Инаку, како може и во спиењето еден дел да ти држи буден.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)