И во таа непредвидлива, долга и тешка битка, секој си имаше свој удел во спасувањето на семејството. Едниот удел не можеше да се замисли без другиот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Лакхдар беше и остана дипломатот кој одеше по граничната линија меѓу животот и смртта на многу од 217-те народи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Очекуваше дека од Самир Мустафа ќе си разјасни како, конечно, дојде до неговото вклучување во спасувањето на сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ревносните воени хроничари бележат со сигурност дека Лакхдар, претходејќи им на сините шлемови, со сигурност има заслуги во спасувањето на животите и домовите на милиони луѓе во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мисијата требаше да продолжи во спасувањето на други детски животи зашто, поинаку, сета мисија не би ја имала својата смисла. Немаше крај на Мајкините добрини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)