во (предл.) - сојуз (имн.)

До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
32. А Каравлашко е во сојуз со Тројниот сојуз, којшто ќе ги покровителствува каравлашките интереси на Балканскиот Полуостров.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Партијата велеше дека Океанија никогаш не била во сојуз со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност, само пред четири години - како што Винстон многу добро знаеше, Океанија беше во војна со Истазија и во сојуз со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој, Винстон Смит, знаеше дека Океанија беше во сојуз со Евразија пред само четири години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние бевме во сојуз со нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент, на пример, во 1984 година ( ако воопшто беше 1984 ) Океанија беше во војна со Евразија и во сојуз со Истазија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Климент Камилски, кој на почетокот беше речиси дел од процесот за конечна пресмета со опасните турцизми, со текот на работата ја разбираше комплексноста на процесот, уверувајќи се, сепак, во тезата, која претходно ја оспоруваше дека Балканот бил вообличен и од византиско-османската ментална синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не сакаме одделно да живееме, туку во сојуз со сите други на Балканот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не можејќи пред американската јавност да се претстави како филмски режисер, се зачленил во Сојузот на американските возачи и со нивната членска карта си обезбедил виза за престој.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некаде дали 92, дали 93 на еден детски фестивал се појави една песничка која за своја тематика ги имаше правото на човекот како општествено битие да стапи во сојуз со автомобилот како неопштествена комбинација од пластика и железо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Овде ги затекнале Словените кои биле обединети во сојуз на “Седумте племиња” и биле во фаза на формирање на своја држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Безуспешно завршил и обидот на тракискиот крал во сојуз со илирскиот и пајонскиот крал и Атина да му се спротивстават на Филип II.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синди- кат (чл. 406). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привремени мерки за обезбедување, 6 што дотогаш не беше случај.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во Италија пламтеше фашизмот. Дуче беше во сојуз со Хитлер, сонуваше да ја припои Албанија кон Италија. По Абисинија, требаше да биде освоена и Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И со тоа беше во сојуз со Бога за кој, како во рефрен, велеше дека тој ја испратил да си ги спасува чеда­та. И тоа ја правеше уште похрабра, правеше сѐ друго во светот да го смета за помалку значајно од една детска солза, какви било револуции, дури и татковини...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Постапката пред првостепениот [основен] суд мора да се заврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на тужбата, додека второстепениот [апелационен] суд е должен да донесе одлука по жалба поднесена против првостепената одлука во рок од 30 дена од денот на приемот на жалбата, односно во рок од два месеца –  доколку пред второстепениот суд се одржала расправа (чл. 405, ЗПП). 3) во доменот на т.н. квалификувано „договорно застапување“ пред суд, дадена е можност работникот да не мора да биде застапуван од страна на адвокат, што е значителна олеснителна околност, знаејќи ги високите цени согласно фамозната Адвокатска тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Без размислување и без да ја контактира трудовата инспекција, бидејќи не веруваше во нејзината професионалност – а по „препорака“ од вработен во Сојузот на синдикати, тој веднаш го информираше Синдикатот на металците во склоп на ССМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во работните спорови работникот како полномошник може да го застапува и лице дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот, или во сојузот на синдикатите во кој е здружен синдикатот чиј член е работникот (чл. 406, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако странката во полномошното не ги определила поблиску овластувањата на полномошникот – полномошникот кој не е адвокат, врз основа на ваквото полномошно, може да ги врши сите дејствија во постапката, но секогаш му е потребно изрично овластување за: повлекување на тужба, за признавање или за одрекување од тужбеното барање, за склучување на порамнување, 246 за одрекување или откажување од правен лек и за пренесување на полномошното врз друго лице, како и за поднесување на вонредни правни лекови (чл. 87, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, работникот, како полномошник, може да го застапува лице 16.  А т.н. париционен рок, за доброволно извршување на судската пресуда, со којашто се наложува извршување на одредено чинење [активно дејствие] и понатаму остана осум дена (чл. 408, ЗПП/05) – што, сепак, е помал рок од вообичаениот, којшто кај општата парнична постапка изнесува минимум 15 дена. 29 дипломиран правник кое е во работен однос во синдикатот чиј член е работникот или, пак, во сојузот на синдикатите во кој е здружен неговиот синдикат (чл. 406, ЗПП). 4) воведена е прецизна одредба за одредување на т.н. привреме- ни мерки за обезбедување, 17 што дотогаш не беше случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Обемот на полномошното го определува странката и таа може да го овласти полномошникот да презема само определени дејствија или да ги презема сите дејствија во постапката (чл. 85, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)