Скриени зад својата избледена наивност, стекната во социјализмот, напорно работеа, потпрени на вербата дека трудот ке биде награден, придонесот ке биде ценет.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога се враќаа, Едо му рече на Марка: „Ова го нема ни во социјализмот“ А Марко му одговори: „Социјализмот ни на сон не може да види толку стока. Не можат да ја допродадат...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога започнав сам да си го вадам лебчето, почнав да гледам еден, друг, многумина кои некогаш во социјализмот, а и денес во транзицијата, „зорле“ работат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За кариерата и напредувањето во социјализмот Имаше едно лозарско стопанство на ридот после Чаир.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На илјадниците козари кои дојдоа со козите во главниот град за да станат работничка класа и да стапат во социјализмот најдоцна до утредента во 12 часот, им беше наредено да се ослободат од козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас, син на некогашен албански емигрант, пребегнат од Поградец (Албанија) во Струга (Македонија), во далечната 1943 година, бегајќи со семејството од фашизмот во Албанија, преживувајќи во социјализмот во Југославија, станав прв амбасадор на новата Република Македонија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Таму, ви рековме, и фашизмот го издржавме со козите, а во социјализмот, како што велите, би требало да биде полесно...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Вчудовидените жители забелжуваат илјади кози со нивните козари – нови регрути на работничката класа , кои настапуваат со главниот слоган: „Ние нема да направиме ниту чекор во социјализмот без нашите кози!“
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми добро знаеше дека нема никогаш „назад” во социјализмот!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зар со нив ќе одиме во социјализмот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оваа мисла веќе беше слушната од козарите, па Чанга сега категорично го пресече: – Ние не одиме ниту чекор во социјализмот без нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
На секретарот на Партијата, кој бара начини да се ослободи од оваа бела наезда, Чанга, портпаролот на козарите, му прогрмува: Ние нема да зачекориме ниту стапка во социјализмот без нашите кози!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мене, пак, ме учеа во социјализмот да не верувам во бога, но јас си имав своја сопствена претстава за него, знам дека постои нешто отаде заумното, знам дека сме дојдени со некоја задача на овој свет и затоа сакав да имам деца, можеби и нешто повеќе, што ме чинеше еден брак, сакав да бидам креативец и да оставам и нешто духовно зад себе. И без религијата – преживеав,
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
На големиот митинг на козарите со козите, на големиот плоштад, кои го посматравме и ние децата од блиското Кале, на козарите им беше даден рок до утрешниот ден во 12 часот, да стапат во социјализмот, ама без козите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Козарите кои го минаа и фашизмот со козите, се прашуваа зошто со нив да не бидат примени и во социјализмот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)