во (предл.) - соседство (имн.)

Се сеќавам, имаше една баба во соседството која кога мајка ми ќе месеше леб везден и велеше Софо дај малку од тој твојот леб...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогш неизоставно во душите ќе им заклокотат далгите на Нева.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Особено кон јаричките, кои, нагло почнаа да се иселуваат во туѓи кокошарници во соседството, та дури и во Америка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Мојата генерација тогаш првпат виде во живо што значело секоја ноќ да ти бучат авиони во сонот и уште што значи да не ти се затвораат клепките од неизвесноста на судбината на блиските пријатели во соседството.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Младите петката често ја нарекуваат петарда и можеби затоа се згоди да поведам со 5:0 баш кога убаво спука во Белград и во соседството ни - бомби стрештеа, со осиромашен и збогатен ураниум, а не обични петарди.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Пелагонците живееле во соседство на Македонците и Бригите. Нивни соседи биле Пајонците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бригите живееле во соседството на Македонците, односно во пошироката област околу Охридското Езеро, по горниот тек на р.Еригон (Црна), како и на просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нечиј пес во соседството лае.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Македонските наречја имаат пак свои оригинални особини, а бидејќи се наоѓаат во соседство со Србите се признаваат пак за не чисти од србизми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Долги години присутен на „штиците што живот значат“, Трајче Кацаров е скенер на актуелните состојби кај нас и во соседството, залагајќи се за високи културни вредности со кои би се отстраниле последиците кои го загрозуваат убавиот вкус.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа што ме радува, а воедно ме загрижува во оваа вест, е констатацијата дека мечката заиграла во соседството.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Добро е што заиграла во соседството, но и лошо е.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа Рада го осознала преку своите јунаци, обични луѓе тука до нас, во соседството, а можеби некој и ќе се препознае.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше доцна ноќ, во домот и во соседството се спиеше во длабок сон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Луѓето по толку децении во Картагина, во земјата, во соседството мораа да привикнат на животот без присуството на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите во соседството знаеле дека човекот што доаѓа е богат бизнисмен кој не жалел пари за да биде овековечен на големите платна на сликарот Соколовски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Реално ли е да се сонува дека Хунзите Можат да им позајмат на Македонците Барем по еден принц и принцеза За да може и во обесцарена Македонија Да заврзе благородничката лоза И на Македонците веќе да не им течат лиги Што секаде во соседството се вратиле кралчињата и царчињата А само тие останале со празни раце Тоест со претседатели премиери и државници од друг вид?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Судејќи по сè, и самиот татко, додека, од земјата на јужната и западната страна на Езерото, не го истерале, не го истерале маките и бедата, ги обиколил реките коишто, од подножјата на гордите планини, се слеваат кон морето: Мати, Воша, Шкумби или пак Буна и Дри, кои, во соседството се викаат Бојана и Дрим, а оваа, последнава, уште и Бил и Црн.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но тогаш го премолчав ова откритие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Останавме и двајцата со своите уверувања, но точно е дека во моето паметење беше врежано сомнението дека можеби сум згрешил, иако сè уште го слушав и тоа прилично јасно звукот на карактеристичната сирена на тие возила а идниот ден разбрав и за некаков пожар во соседството, иако противпожарната не беше спомната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Некое ново дете во соседството?“ „Па секако дека е нов.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Искрен да бидам, пријателе, си мислам дека ми се потсмеваш од прозорецот на твојата соба во соседството: џабе ја пеевме Интернационалата со Енцесбергер во Струга, кога сега, велиш, „Аврора“ е посрамена пред Нахимовската академија, а оној Евтушенско пак ќе да е во право кога вели дека од животот исчезна смислата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А да погледнеме околу себе, во своето одделение, во соседството, во нашата улица, во нашето место.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А пак тука, во соседството, има еден лекар, Унгарец, Карољ се викаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
16 Откако другарка ми со која поминував многу време замина кај дечко ѝ со кој беа разделени некое време, значи се врати во Соседството, единствена занимација освен учењето ми беше сајбер дружењето на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
15 Немаше многу што да се прави во мојот град. Голема среќа што беше дојдена една од другарките, која инаку студираше во Соседството.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Меѓутоа, по она што се случило на 28 април со “Гвадалкивир“ и вечерта на железничката станица, на 29 претпладнето директорот своите сомневања му ги изнел на комесарот на полицијата, барајќи од него да изврши претрес во хотелите и во дуќаните во соседството на Банката132.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)