Бегам леден во ноќта луда, Изгубен, заболен и сам Во срцето на зборот загледан И од зборот љубен и огреан Се враќам во сонет од рими дочекан, како лебед пред смрт, распеан.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)