18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се разбира дека тој покажа интерес за случувањата во Сан Диего, но тоа само го увери дека доживувањата на младите љубовници со ништо посебно не излегува надвор од дури и предвидливиот шаблон така што му беше доволен фактот Едо и Су продолжија заеднички да живеат како што почна во собичката на механичарската работилница на Али во Сан Диего, но сега во станот на Су во улицата „Кинг“, во центарот на Торонто.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А кога го врати назад во собичката и кога виде дека ни сега не може да остане тука само со него, Змејко ја зеде пушката и просто истрча низ вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од она надвор тој знаеше што може да очекува, но тој воопшто не можеше да биде сигурен во она, што можеше да се случи тука, крај него, во собичката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега беше буден. Лежеше, буден, врз своето тврдо легло, а во собичката стоеше истиот оној ден, што го виде неговиот пораз.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја повлече рачката. Полека сѐ се смири. Истрча во собичката; на прагот за малку што не се препна од свитканото, заспано клопче на неговото срнче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се мачеше да најде начин да докрепи нешто, но дури сега беше сознаен дека токму вака ѝ било родено, сето ова со нив тројца во собичкава.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некој убавец, којзнае како се мушнал во собичката кај другарката Оливера Срезоска и ете ти циркус, просто-напросто на генералимусот му ја бојадисал со бела боја левата страна од мустаќот, му ставил и некои други знаци на лицето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)