Трепереше над виорењето на снежниот врнеж, тој колеблив ден, а тука некаде, до каде што достасуваше скусениот поглед, неговата виделина се спрепелкуваше во снежинките, што кружеа, се испрепелкуваше во нив, денот просто исчезнуваше, сопнат, и веќе го немаше, оставајќи ја на своето место само таа густа и мека ткаеница на снежинките.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега сите само продолжуваа да гледаат во снежинките, што се гонеа во прозорецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние двајца сега ги нема и ние можеме да гледаме до наситка како си врнат снежинкиве И тој гледаше во снежинките, а тоа сега наеднаш не претставуваше никакво задоволство.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)