Но сам Ордан, висок и стамен и во снагата и во умот, како сокол се извиши над своите и брзо се нареди меѓу најпочитуваните луѓе во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се зближи со војводите, од нив научи да чита и да пишува, и немаше пазарен ден а тој да не се врати од Прилеп со весници и со книги.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк" за врат и тука на столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата, ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Звучно се зарива сечилото во снагата на шумата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Првиот удар со чеканот и глетото на него, му ја возбудуваше душата, трептеж чувствуваше во рацете, во снагата; зашто првото удирање беше почеток на милионските удари што потоа ќе уследеа за да се оформи каменот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се жалеше на болки во рацете, на скинатост во снагата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја зедов машината за пишување и почнав, истрпнувајќи во снагата од некој студ што доаѓаше не однадвор, зашто надвор беше врело лето, туку одвнатре.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На 22 март 2004 беше предадена Апликацијата за членство на Република Македонија во ЕУ и во НАТО структурите.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 9 април 2001 беше потпишана Спогодба за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Република Македонија, што стапи во снага на 1 април 2004 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Тие им се внатре во снагата, таму фатени, ама со нивни катинари и резиња, не со овие синџири однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сета сум омаена, омрлушена во снагата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Едор во снагата, во главата, во рацете. И силата двојна.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Ем да бегам да не ме фати ем цело време да ми сака оваа душа грешна моја да ме здобави, зашто ми се чини оти како во снагата негова, мене никаде на друго место на овој свет подобро не може да ми биде.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Симболите што требаше да се создадат мораа да имаат таква степен на доживувачка снага за да поттикнат заедништво и со тоа да создадат плебисцитарен карактер: „Потоа одиме на тоа, создавајќи митови, националната свест да ја претвориме во снага и волја.“
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Што останали са в снага само кожа с кости?
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
- Леле, ќерко, вели мајка, од кај му се собра олку лоша крв во снагата, вели и му го брише челото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Човекот ми е испуштен, разодврзан во снагата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се бришам, а пот само врне од мене, утоп сум во снагата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го изврши тој обид, но уште со роењето на пчелите, се разнесе писок низ селото: се нафрлија пчелите на луѓето, на добитокот, на сè живо што ќе сретнеа, бегаше добитокот, луѓето се затвораа по куќите, ги затвораа вратите и прозорците, ги затинаа дупките и цеповите за да не може да им се протнат внатре; тие што ќе ги каснеа, потечуваа во лицето, во главата, во снагата; врискаа од болки.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)