Но, сине, знај, во оваа земја на езерата некогаш луѓето живееја во слога и во разбирање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Со векови, овде, крај Езерово, рисјани и муслимани живееја во слога и во разбирање!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Свесни сме дека е тоа долг и неизвесен процес, но ние сакаме да си го направиме своето, во прилог на идните генерации, за тие да живеат и да работат во слога, разбирање и хармонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Нека не те чуди, - му вели сопатникот. – Тие во слогата и меѓусебното разбирање ја открија тајната на радоста.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)