во (предл.) - слава (имн.)

Нашето минато, нашата сенка без која не би биле сега овде збрани во слава на Светиот оган сред длабоката темнина на шумата подготвени да го каснеме посниот залак испржена риба пред да се појави другиот оган - небесниот диск, врз почетокот на нашата преобразба.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Прехрамбените супстанции на рафинираниот француски Готвач (на служба во ресторан наречен во слава на холандската трговско- градска класа од 17 век) повеќе се гастрономски досетки достојни за Лотреамоновите Малдоророви пеења.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Околу нив илјадници жаби си пееја себеси во необјаснив сплет од променливи акорди, во слава на некои неодредени принципи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Само, како да направи да си отидат луѓето а пак да не изгледа како тој да ги набркал.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше некој вид принесување жртва во слава на Христовото рождество.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станицата ја подигнаа, кога ја правеа линијата, Србите и Французите и ја нарекоа, според околното поле и во слава на српските војници паднати овдека во бојот со Турците во 1912 година, Бакарно Гумно, а Бугарите, во последната Голема војна, ја прекрстија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука, во оваа ливада, Србите имаа подигнато, од бел мермер, спомен костурница во слава на своите војници паднати во бојот на Алинци со Турците во 1912 година.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден и најникаквиот столб на ропство, зашто, сепак, бувот е само едно невино пиле, вечерва урна во слава на оздравувањето Лазорово и во знак на решеноста негова и Костадинова некогаш наскоро да го премавнат Хаџи Ташку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Остануваат уште многу такви столбови, незнајни и значајни, мисли на четирите турски кули и на нивните господари, со кои ако не тој и неговите врсници, децата ќе мораат да се потфатат еднаш, зашто се туѓинци и поробувачи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие, пак, во слава на Перета Тошев, прилепчнаец и член на Централниот комитет на Внатрешната македонска револуционерна организација, кого заедно со сета македонска историја си го имаат за свој, на станицата ѝ го дадоа неговото име - Пере Тошев.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш за божиќните празници, допуштено беше да се улови и убие и најсветата птица, гугутката, или уште како што ја викаат во некои Пелагониски краишта, во Леринско, галицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој кој ќе го види, или кој чул дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека заминал натаму, накај Коритница, ќе си помисли дека излегол на прошетка за да си даде одушка по сите овие возбуди, или, пак, дека отишол да запали свеќа на Латинска црква во слава на оздравувањето Лазорово...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Настрана патриотскиот фолклор во кој врз географските карти на Франција истокот се прекрива со црнина, настрана децата што на бадник учат да пеат O, Tannenbaum! во слава на малите Алзашани, настрана школските одреди кои, со бајонети на пушките и со главите покриени со беретки со црвена туфна, дефилираат извикувајќи: „Алзас и Лорена ни ги земавте / но срцето нема да ни го грабнете“ - од тој пограничен сукоб избива еден вистински филозофски спор што останува со најголем значај.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Значи”, рече Штизелхеер, „дајте Јохан, коњчето од вртелешка, да го тргнеме на сигурно и да ја отпееме песната во слава на чудесното.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Думав на валијата да му сторам ќејф со една џамија од моја страна, да ја кренам со мои луѓе и со мои пари, во слава на Алаха и на падишахот, само да ме остави намира”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Нека е во слава на Алаха и на нашиот Падишах, светлоста да му е вечна и милоста долготрајна”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама светот не го интересира тоа и затоа сакам да те прашам: ќе направиш една џамија во слава на Алах?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ибн Пајко, иако виде дека нема враќање, одвај рече: „Имам ниет да изградам една џамија, во слава на Алаха и на падишахот, вели пашо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со нив моли се за нас, преподобен учител, што го прочитуваме твоето преславно успение во славата на Пресвета Троица, Таткото и Синот и Пресветиот Дух, сега и секогаш и во сите векови, АМИН!
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
И, во слава на својата сѐ поблиска смрт, Лири ентузијастично прави планови како своите последни часови да ги изрежира во еден психоделичен сјај.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се разбира, во слава на животот и во слава на вашата убавина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На пример, за време на првата Заливска војна, тој проектираше слики на скелетни раце, од кои едната држи митралез, а другата пумпа за бензин, врз Arco de la Victoria во Мадрид, заедно со зборовите „Cuantos?“, на тој начин „прашувајќи колку? (цената на бензин) но и колкумина? (бројот на жртви)“ 145.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сликите беа проектирани врз тријумфалната капија во слава на победата на Генералисимусот Франко во Шпанската граѓанска војна.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со оглед дека опкружувањето игра активна улога во обликувањето на умот, се обидов да ги променамнашите вообичаени односи и реакции во нашата средба со секојдневна реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
“141 141 Braco Dimitrijević, introduction to Gallery of Contemporary Art, Braco Dimitrijević (Zagreb: Gallery of Contemporary Art, no. 191, Feb 8-25, 1973). 112 Проблематизирањето на културните и материјалните вредности, конвенции и авторитети што го прави Димитријевиќ, неговото славење на важноста на обичното и занемареното, е присутно и во неговото тактичко користење на инструментите на историското сеќавање/глорификација: споменици (Дејвид Харпер, Лондон, 1972 година; Обелиск од онаа страна на историјата – 10 метарски споменик од карарски мермер во слава на 11 март, датум случајно избран од страна на случаен минувач), плакети (со натписи како што се Џон Фостер живеел тука од 1961 до 1968; Ова би можело да биде место од историско значење), бисти, улични знаци, листи на случајно избрани имиња итн., во чест на непознати личности и настани: „Сакав да направам пресврт во значењето...
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Не испеа ниту слог во слава на диктаторот! Остана стамен и горд.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме обзема тивко чувство на гордост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се принудуваа жртвуваните, низ гротескни самокритики, да пеат оди во слава на жртвува­чи­те во духот на новите соц-реалистички трагични хорови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во времето на италијанскиот фашизам се сакало на градот да му се наметнат неоримски димензии, во слава на римското враќање на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во Интернационалата, химна на комунистите од сите земји во светот во слава на пролетерската револуција, како во литургија, зарем не се извикува на крајот: „Во светот што ќе се крене, кој беше ништо, ќе биде сè!”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За многаја лета! прифаќате вие, потрошувачот, во двата случаја во слава на Бога, но всушност на своја сметка“ „Ќе ви кажам еден колку банален толку и смешен пример“, по куса, здивнувачка пауза продолжи Едо Бранов.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)