Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило, на крилата белина, сјаат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се нуркаат во синило ластовиците, Илинка мисли на Јакова.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Баге не гледаше во лимената чинија, туку се качуваше по нејзините раце, за да потоне во синилото на очите како во длабочините на езеро.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило на крилата белина.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Десно дреме гола планина завиена во синило и оттука името и е Сињачка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Обид Се обидувам да ги наредам боите на виножитото во твоите очи... наутро жолтата да ме буди како сонцето, напладне црвената да ми дава живост, попладне зелената да ми го смирува уморот, а навечер сината да ме потсетува на залезот во синилата на морето, да можам спокојно да заспијам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)