Носењето на burbery мантилот е одлика на стилот на повисоката средна класа, свесна за длабинското значење на креирањето на поп универзумот. Levi’s Панталоните од груба ткаенина која тешко се кине беа незаобиколен дел од гардеробата на американскиот Див Запад.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еволуирајќи од некој вид на продолжено сако до иконичкиот знак на тренчкот, дождовниот мантил дури во средината на педесетите влезе во мода.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа царство тогаш се претворило во симбол на некоја инаетчиска „метафизика”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ако дистинкцијата на Хејс беше одржлива (јас очигледно се обидувам да покажам дека не е), тоа би значело дека (1) Тјуринговиот тест бил невалиден, бидејќи програмата што поминала наТТ можела да биде имплементира на „погрешен” начин, и дури дека (2) Тјуринговата еквиваленција не била доволно еквивалентна, и покрај пресликувањето еден-еден, состојба во состојба симбол во симбол, правило во правило, помеѓу „реалното” имплементирање и псевдо-имплементирањето бидејќи некои од овие пресликувања биле на некој начин „погрешни”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Геј- културата во некој миг ја презела репликата и ја претворила во симбол, во економичен начин да се сјадри една драматична поза што ќе биде при рака кога понатаму ќе треба да се преодигра преку цитат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова се истите историски трендови што го претвориле одрекувањето на секаквите и на сите несексуални разлики помеѓу геј- и негеј-луѓето, вклучително и различностите на културата и родовиот стил, во симбол на верата во идеологијата на постоунволското геј-движење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само модрозеленикавата Сена тече рамнодушна кон историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Жолтите одрази на сончевите зраци од последното лисје пред да падне на земјата ги придружуваат тажните Палестинци кон својот Јасер Арафат, човекот веќе претворен во симбол, одземен од животот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Воздухот ја има таа предност што е лесно достапен; освен тоа ние имаме органи што, се чини, се направени посебно за обликување на воздушните бранови во симболи - нивно преобразување во “фонеми.” (Прашањето што произлегува од тука а се однесува на нејасната врска меѓу вродената и стекнатата информација мора да се одложи на страна: говорот, лингвистичката способност е вродена но секој одделен јазик мора да се стекне.) Но, воздушните бранови се неповолни затоа што се подложни на звуци коишто ја разложуваат информацијата што е складирана во нив.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 140. 98 Ibid., p. 176. 88 од анкетите и експертите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ако сакаме овие симболи можеме да ги енкодираме во симболи од некој програмски јазик и на тој начин моделот да го преведеме од јазикот на математиката во јазикот на сметачките машини.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)