Планини затемнете во сивилото на утрото небесната закрпена дупка ми пушта зраци небаре ќе ми ги отвори очите и да видам, да видам каде одам во утрото на мојата пролет.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Вцрвенети облаци над планините. Полусветлина - распостелува шаренило, кое потемнува и потемнува, ја покрива ливадата, невидливо дотекува, се згустува, натежнува, ја обгрнува котлинката, во сивило ги втопува дрвјата и околината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш, блескотот во очите на ќерките и нивната ѕвонлива смеа го враќа внукот во топлите вечери кога низ целата куќа и дворот провејуваше мирисот на печени телешки џигерчиња, а пред ширум отворените прозорци се белееа, чиниш лебдеат во сивилото на зајдисонцето, испраните чаршафи, алишта и пелени.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Претседателот врши смотра на оклопната единица.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Нас нѐ прелетуваат гаврани, гракаат и се губат зад меѓите, во сивилото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко дупка, ко пукнатина во сивилото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)