Пукотници се слушаат од Чегране до Порој донесоа молдавки со дојки ко Плејбој мажи се ѕверат во сепаре седат а жените в куќи баклави редат О Тешкото....
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Кога пристигна дада сите женски бевме стокмени во сепарето и веќе порачавме две шишиња квалитетно бело вино, за почеток.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Се вративме во сепарето, а таму Стомачето тагуваше зошто не беше дел од главната претстава.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Седев во сепарето, мирно и достоинствено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ме молеше да отидеме во дискотеката „Парк“ каде што седеле во сепаре со двајца многу познати пејачи од македонската естрада.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Шесте жени од Прифатниот центар за странци, што седеа на долгата маса крај каминот, во придружба на Тихомир од Машкото друштво “Осамени срца”, беа гласни во расправијата околу предлогот за легализација на проституцијата, и не беа во можност да го слушаат разговорот што во непосредна близина, во сепарето, го водеа Софија и Киријаз.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Музиката доаѓаше од групата што свиреше на поткренатиот подиум, тројца мажи во исти костуми со дупло закопчување.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Почна да се подместува во сепарето, а тој забележа дека над горната усна почнаа да му се собираат капки пот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Неа ја сакам..., сакам мали цицки“. Човекот со лузната се изнасмеа уште погласно.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)