Настојуваше да го повика да работи во Институтот, во секторот за ориентални истражувања.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во случај тоа да не се случело мисијата замилила да биде запознаена со “политиката во однос на Македонија“.276 На 7 октомври 1944 година пристигнал одговорот од позадинската воена мисија на Фицрој Маклин во кој ја известувала мисијата Bethesda дека сојузничките единици кои дејствуваат во Грција и Албанија “нема да влезат со сила во Југославија“, а дека на “време ќе ве предупредиме ако каква било британска операција биде превземена кон Македонија“.277 На 11 ноември мисијата Bethesda побарала од Force 399 авионите кои оперирале во секторот по долината на реката Вардар „да не напаѓаат кои било цели во Македонија освен на патиштата и железничкиот сектор Велес-Скопје-Качаник-Урошевац.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Тој го употребуваше и последниот адут за предлогот: Ако го прифатите предлогот, дури ве замислувам како свој помошник-Сојузен кој би раководел со отсекот за заштита на малцинствата во секторот на службата за човековите права во Вашето министерство!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не можев да ги разберам крајните намери на Сојузниот, но јас си бев начисто каде може да биде моето место.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога и во кое време тој стапил во секторот и кој го назначил, за тоа никој не можел да се сети.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)