Иако екстази може да го зголеми уживањето во сексот, преголема количина создава еквивалент на алкохолен замор и ејакулацијата е речиси невозможна дури и при најнасилни обиди на мастурбрација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Се зафаќаше со иницијацискиот процес што им е присушт на машките геј- заедници, а преку кој геј- мажите ги подучуваат другите геј- мажи како да бидат геј – не со тоа што ќе ги воведат во геј- сексот, а уште помалку така што ќе ги заведат и наведат на него (геј- мажите веројатно веќе се имаат изобилно впуштано во секс и пред да се сместат во општествениот свет на геј- мажите), туку попрво со тоа што ќе им покажат како да преобразат низа хетеросексуални културни ствари и дискурси во носители на геј- значење.
Со други зборови, целта на курсот беше да се испита како дејствува културниот пренос во случајот на сексуалните малцинства.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби имаше мали проблеми во сексот со оглед на нејзината тежина, но тоа не беше причина за нарушување на мирот во куќа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Дури во 1919 година подофицерите во морнарицата на САД можеле да бараат од „нормалните“ регрути доброволно да се впуштаат во секс со „теткици“ за да ги обелоденат неморалните услови во и околу некоја морнаричка база,49 а во истиот период, морнарите што барале лесни жени по баровите кај њујоршките докови знаеле да ги препратат кај самовилки кои ќе им биле добра замена за женски.50
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите „телесни контакти со други машки“ што завршуваат со оргазам „по строга дефиниција се... хомосексуални“, настојувал Кинси, без разлика кој кому што му прави и без разлика колку силни или кревкички можеби изгледаат мажите што се впуштиле во секс едни со други.53
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но пред некој ден Изабел ме замоли да ѝ донесам нешто од собата и тогаш на теписонот до креветот здогледав една голема книга а на кориците пишуваше „Водење љубов и пози во сексот“.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)