во (предл.) - свест (имн.)

Конечно, неговата најпозната инсталација со ајкула во формалдехид (1991) има наслов Физичката неможност за смрт во свеста на некој што живее.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во една инсталација во стаклен кафез има инсекти коишто неуморно го повторуваат истиот, кус животен процес, од излегувањето од ларва до моментот кога стануваат спржени на електричниот инсектицид.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова може да да биде сторено бидејќи на овој автор му успеа по­силно и потрајно отколку било кој друг за мене познат балкански автор, на зборот и на поимот балканско да му даде нова димензија во свеста на другите европски народи и култури...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Очигледно, ниту татко, ниту Чанга немаа дефинитивен одговор, но си остана врежано во свеста на козарот дека животните умираат во темнина... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во раскошните Версајски дворци, кои фрапираат и по грандиозноста и по својата монументалност, чичеронот нè водеше многу брзо од еден на друг кат, од една во друга сала и, од сето она што го гледавме, во свеста остануваше само мислата дека еден ден ќе можеш да кажеш, ако запраша некој, дека си бил во Париз, и си го видел и Версај. Ништо повеќе од тоа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Константин З , кој го презира и Скопје и Битола, и сите градови на новите предели, за оваа касаба, лесна за техничка обработка, има поеднакво и неподелено мислење, па го гледа командантот со празен поглед, технички заблагодарувајќи му се на предварителната покана што брзо ја запрета и ја отфрли меѓу неважните податоци во свеста
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И дури зборуваше, тој покажуваше со колку деликатни движења ја вршел сета работа, а црнките во зелените очи понекогаш ќе му се збереа, небаре силна светлина го заслепуваше од тие сцени што му се будеа во свеста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Му напираат пијаните во свеста како во зачадена крчма, кршат и ломотат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Откриени беа многу превези на источните култури и во свеста на западниот човек навлегоа нови облици на перцепција што го променија неговото примање на стварноста.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нејзините корени можеме да ги најдеме во периодот на првобитниот психоделичен расцут, во педесеттите и шеесеттите, кога се случуваа глобални промени во свеста на човештвото.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нешто ми се смагли во свеста и очите кога и учителот, заедно со другите, се сврте и очите ги задржа на мене.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Не, сигурно не е тоа, ѝ прелета одеднаш во свеста!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ах, тие сиџили! Во свеста ми се враќаа Мајкините воздишки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа, кутрата, секогаш имаше моќ, и во најтешките мигови на животот, помислувајќи на децата, да ја активира во свеста оптимистичката варијанта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Уште тогаш си создавав во свеста семожни аргументи во прилог на стратегијата за моето заминување од Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во свеста, не престанав да пластам семожни аргументи за прелевањата на религиите, од една во друга, започнав да верувам во преобраќањата како мостови на вистините, а не како граници помеѓу нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Овде, идеите, крај брановите, како никаде на друго место, најсилно ми се раздвижуваа во свеста, се соединуваа со други, се обновуваа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но сега, помислата дека може да стане социјалистички судија, му пластеше нови грижи во свеста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Колку и да беа жестоки битките за да се искорени отоманското во свеста на луѓето, во институциите, митот на повеќевековното отоманско време живееше латентно, во непредвидливи оази.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повторно пребаруваше во свеста, каде згрешил што Мирон Донски остануваше толку неумолив во остварувањето на својата замисла.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Оставаше во свеста на секој од нас да си цвета сомнежот или прифаќањето, сѐ до зрелиот плод.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми се редеа и други, секакви, мисли во свеста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Црвот пожестоко длабеше во свеста...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За миг ќе му испливаше во свеста таа - мечот и ќе молснеше, ќе раздвижеше и разбеснееше во него нагони за протести, ломови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше последната реална слика што му остана во свеста на Гого, пред да му падне преку очи некаква пајажинеста мрежа од мрак, а снагата да му залебди во наглув и безвоздушен простор, небаре му се престорила во бабуле надуено до препукнување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Останаа во свеста само оние три стебла на брегот – Како три тажеленки над морето, Како три крста, Три меча: Дење што го милуваат Ноќе што му шептат Во која насока заминаа децата И кога – ќе се вратат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Забележувањето ни малку не му се задржа во свеста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека внимателно зачекорував на тротоарот, бев со нужно наведната глава, така што Сновалката и момчето - само ми засончија во свеста како нешто колку нападно по нивниот однос толку и матно за да можам да погодам всушност што се случуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Јас вриев; нејзиното смеење ме доведе до состојба на нервна раздразнетост; веројатно уште вриеше и ракијата од пладневната жега, и виното што сега навлегуваше во моите вени; ме навредуваше што таа рече дека не слушнала никогаш посмешно нешто, и во свеста ми се врати точката со наивниот маж, Петрунела и нејзиниот љубовник; ја прашав што е толку смешно, а таа се навали на ѕидот од кејот, и сосема опуштена, рече: „Прашај во Партијата; можеби водат записник.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите прогони се такви, оти прогонува секогаш посилниот, а се повлекува послабиот; теророт се состои во понижувањето, во свеста дека си отстапил, дека си се повлекол, дека ти зеле нешто твое, простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе се согласите, горчлив заклучок!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа, ова е битно да го спомнам, никогаш не се откажав од овој експеримент иако негде во свеста, но многу длабоко, ме подјадуваше сомнението дека вистинската средба се уште се нема случено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не било тоа вкоренето во свеста; не било резултат на морален и естетски избор; не произлегувало ниту од лоши навики, ниту од негуван вкус; затоа и не се изразувало во повеќе аспекти на личноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но немаат често свесна свест дека општественото суштествување им е изведба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа. ‌Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата не е во општествените премрежиња и стварните степени на „природност“, туку во свеста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Автохипнозата е психофизичка состојба во свеста на човекот каде што тој е фатен од самиот себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Исходот е многу зборување за философските револуции, револуциите во свеста; овие револуции сепак, не се одразени од ништо што Маркс и Енгелс би го препознале како „материјална основа“.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се чувствувал како по господова казна да се понижува пред туѓинец и наметлив непријател со лакомост дури и во влакненцата на ноздрите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обидел да изгледа спокоен, онаков каков што бил скоро секогаш во свеста на простиот човек, и искинато, скоро неразбирливо ја искажал желбата на жените и не споменувајќи ги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Странците, наминувајќи некојпат во тоа кралство, потоа пишуваа во своите весници и многу се чудеа колку длабоко е проникнато обратното сфаќање во свеста на секој жител.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Човекот со непоматен “природен” инстинкт и без расколи во свеста го прикажува човека како лик, како “човек”, “најбожествена” метафора како во паганската така и во христијанската религија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И луѓето читајќи ги истите зборови се валкаа од смеа, а потоа го пренесуваа текстот од рака во рака, го препишуваа текстот и дури го учеа напамет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Најнапред, со „конкретни“ метафори: како човек, како животно, како ѕвезда, како билка; или во „апстрактни“ метафори: како сила, дејствување, душа, волја итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во свеста се отвори пустош и во нејасна далечина се топеше озлоочената сала.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фитилот е прекинат некаде. Од напрегнатост во свеста на Арсо започнуваат да се диплат магличести кругови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некоја трага посилно втисната во свеста од многуте заборавени или сосема избледени мечти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чу како шушливо му се пушти гласот и млитаво и тапо падна во свеста на Арсо: - ... Смрт со бесење...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но тој во свеста на луѓето, во нивните разговори за Акиноските и воопшто за Потковицата, па и во некои пишани документи си остана познат со старото име - Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според авторот, токму поради својата проблематичност, прашањето за идеолошката принуда и вината на идеологијата останува отворено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење во свеста на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Камилски го забележа главниот книжар со побелена брада како ги послужува посетителите, слика што ја понесе во свеста уште во далечната 1936 година, кога често доаѓаше во оваа книжарница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прв се огласи замолчениот Камилски: Во просторот на источниот дел на градот постојат белезите на некогашните маала, остатоци од некогашната административна поделба на градовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постојаните емиграции на Евреите ќе ја чуваат и зајакнуваат во нивната колективна имагинација и меморија вкоренетата сознајба во свеста за нивната изгубена родна земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека го слушаше Татко, во свеста на Камилски започнаа да се спротивставуваат двата тека во врска со турцизмите: со нив или против нив?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај луѓето во егзил брзо во свеста проработува системот на асоцијации, заедно со обземеност од интуиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Внесен во своите размисли, во еден момент Климент неочекувано праша: Што значи поточно да си Евреин?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немоќта Европа да им се спротивстави на османските војски, дури и да го прифати победничкиот повик на Скендербег, да го охрабри, да му помогне во критичните и пресудни моменти, долго време ќе одекнува трагично во свеста на повеќе генерации, ќе ги разбранува европските духови, ќе предизвика сомнение во немоќта да се бранат достојно вредностите на европската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека го слушаше Камилски, Татко навраќаше во мислите на празните места на својот незавршен ракопис за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пребаруваа и обајцата во свеста да не останала уште некоја значајна ориентална заемка која и натаму фрагментарно живеела отелотворена во просторот и можела да најде место во нивната конечна листа на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со тогашниот занес продолжи: Најпрвин конечно ќе треба да ги ослободиме нашите внуци и потомци од последните остатоци во свеста на балканскиот синдром на пеколната неслога.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборувајќи за Чинго непрестано посакуваме да забележиме дека понесените загрижените и поетски раскази на Чинго се одликуваат и со едно својство што денес станува сѐ поретко: тоа се покрај другото убави раскази што оставаат длабоки траги и во свеста и во срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Уште еднаш навратив во свеста на татковиот животен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во очекување на Сојузниот ми се наложуваа генерални размисли за мојата мисија, за балканската историја, за натамошните искушенија во животот во мојата нова татковина која наскоро ќе исчезне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека ова Бургиба Јуниор го кажуваше, во свеста, како јасна потврда на кажаното, ми прелета еден неодамнешен настан во тунискиот парламент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Битола, Прилеп и Македонија, останаа длабоко врежани во свеста на творците на нова, проевропска Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Последниве векови е сеприсутно прашањето дали кога се трага по прогресот, посебно материјалниот, па духовниот, дали се оди напред, се стагнира или се повлекува.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Создавав во свеста хаос од илузии од кој подоцна тешко излегував, го завлекував своето семејство, го изневерував можниот татков пат, чија цел беше во егзилот како да се спасуваме од стапиците на судбината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека ги изгубив од видното поле на ретровизорот, во свеста ми одекнуваше рефренот на загрижената мајка: Зарем мораш секогаш ти да бидеш првиот, првиот Коцката беше фрлена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најчесто сите во свеста ја имаат - првата линија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но во свеста на Бургиба како да беше амнезирано ова време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каранфилчето и сахаринот, сами по себе доволно одвратни, не можеа да го отстранат тешкиот мирис на зејтин; а најлошо од сѐ беше тоа што мирисот на џинот, кој престојуваше во него деноноќно, во свеста му беше неразделно измешан со мирисот на оние...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега се беше повлекол еден чекор понатаму: во свеста се беше предал, но се надеваше дека душата ќе си ја сочува негибната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ненадејно, како потопена урнатина што ќе исплива на површината на водата, една мисла му се проби во свеста: „Но тоа не се случува навистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Порано или подоцна тоа ќе се случи, силата ќе се претвори во свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„И во свеста. Во човековото сеќавање.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата знаеја - на некој начин тоа им беше постојано во свеста - дека ова што се случува не може да потрае долго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мора за сето време да знае дека таа е тука, но не смее, сѐ додека не стане потребно, никогаш да ја пушти да му се појави во свеста во која било форма на која би можело да ѝ се даде име.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сандри не сакаше да му каже на непознатиов за една чудна слика што му се појавуваше често во свеста.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Зар немаше доволно грижи со сегашноста, па сега мораше да ги пласти во свеста и маките на минатото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тој миг не можеше да ја разбере нивната поврзаност во свеста на Мајка. Очекуваше некакво објаснување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, додека ѝ одговараше на загрижената Мајка, си направи брза геостратегиска калкулација во свеста: ако, на времето, Европа не го прифати отпорот на Скендербег и не му помогна во дваесет и петгодишната војна, по голе­мата опсада во тврдината Круја, и не го спаси Балканот од Отоманската Империја, тогаш сигурно ќе го прифати и ќе го поддржи некогашниот франкофон водачот Енвер Хоџа, во неговиот отпор кон советската империја, од кој ѝ се закануваше пропаста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во вакви пригоди, или царуваше тишината или започнуваше одамна премолчуван разговор, со доволно напластени значења, за разврска, во свеста на обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Успеа во свеста да ги осветли моментите од „италијанската врска”, за коишто претпоставуваше дека Татко најмалку ги знае, уште од најраното детство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Му туриваше и илачи во склештената уста за да го поврати во свест.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дури кога дојде пред вратата на нејзиниот стан, се врати во свест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто во свеста се кине, прска во шушкави искри.тие трепетливи светулки се извишуваат нечујно, бавно, сигурно, и кога ќе се изморат на својот пат, паѓаат, умираат, покриваат се со пепел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не одговори; шумот на дождот го избриша прашањето, проникна во свеста и ја умртви.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сè уште во свеста не го напуштаа брановите сомнеж, што го опфаќаа одвреме навреме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Трагедијата на градителите на Беломорскиот канал во свеста на биологот Цветан Горски, додека го слушаше својот учител, значеше и трагедија за северната руска јагула, за милијардите жители на северните реки и езера, кои стануваа жртви на непредвидливото менување на нивните живеалишта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Слушајќи го Игора Лозински како зборува за Сталин и неговите грешки, Татко во свеста ја имаше типологијата на балканските диктатори - јаничари, кои го предизвикувале падот на сопствените империи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој од нас децата, уште на прагот, имаше да му постави безброј прашања на татковиот побратим, одамна подготвувани составувани, дополнувани во свеста, во соништата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така размислуваше Татко, додека во свеста му се испреплетуваа семожните граници на луѓето и патот на јагулите како нивна негација.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко повторно во свеста откриваше некаква врска, само нему докрај јасна, помеѓу откриената Атлантида на ракописите и онаа прекинатата на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сагата на балканската јагула воскресна во свеста на потомците на Игора Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку беше силен инстинктот за опстанокот во кружниот живот на јагулите, размислуваше Татко, а во свеста му беше судбината на семејството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Среќни се овие времиња за јагулите, - продолжи на нова тема Игор Лозински, имајќи ја во свеста претходната мисла.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дваесеттиот век отвора промена во свеста којашто е барем толку суштинска, колку што е просветлувањето што го донесе Ренесансата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Можеби и не сме биле свесни за оние речиси постојани претрчувања на нашите размисли (во свеста или надвор од неа не бил сигурен).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се гледа јасно како едното се распарува, чуден распар и полутката е далечен сон пред него па табу па таен копнеж па опседнатост па нова причина за преселби пуста желба, утопија се топи во свеста како грутка шербет слатка смрт !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сепак, да фрлиме набрзина поглед на еден пример, колку да внесеме малку свежина во овие, би се рекло, сувопарни апстракции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како неразрешлив во оваа расправа се покажува концептот за суплемент, што ја опишува поврзаноста помеѓу говорот И пишувањето но кој што, во добар хегеловски стил, значи и замена’ и дополнување’, на тој начин уништувајќи секаква јасна спротивност помеѓу говорот И пишувањето. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 61 4.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да го пронајдеме концептот ние треба значи да се загледаме во интенциите, односно, во свеста на изрекувачот. (Свеста значи станува некој вид на присутност.) Но што би нашле, доколку ги испитавме интенциите на изрекувачот?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се работи за Деридината расправа за Русо во De la Grammatologie.6 Како и Сосир, Русо го зема говорот како таква форма на присутност, каква што пишувањето не е (бидејќи тој е секогаш присутен во свеста).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И ако би го побарале значењето на овие зборови ние само би добиле повеќе зборови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да беа потребни повеќе минувања на границата за конечно таа да исчезне и во свеста на луѓето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе се обидам да убедувам, без оглед дали ќе влијаам во мој прилоg во конечната пресуда, дека зборовите ми се појавуваат во свеста како вистински кодови на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, еве повторно сум со неа пред чистилиштето, во самиот влез во рустината на зборовите, во потрага по тесниот трансцендентен излез, на небото, кај што ми суди ,небескиот трибунал на моите предци, на излезот помеѓу мајчиниот јазик и јазикот на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Исти пароли, исти зборови, многу зборови, кои умот го хранат со верба и со омраза; исто и се исто и така катаден за да се врежи длабоко во свеста и тоа така за да се избрише потсвеста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
XXI Судбината мигум уште еднаш ме врати во свеста кон отворената врата на татковата библиотека, кон местото каде што се чуваа светите книги, а меѓу нив вметнатите брошури расправи за марсизмот, ленинизмот и сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долго време не можев во свеста да се ослободам од алузиите и пораките на прилогот на А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога конечно решив да патувам, бев начисто и во свеста и во потсвеста, дека треба да ги напуштам сите сомневања, на загрижените за мојата иднина на обете страни од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таква беше горката судбина на нашето семејство на двете страни од границата: едни знаењето на туѓите јазици ги спасуваше во тешките времиња во животот, други ги завиваше во црно... * Којзнае уште колку во мислите ќе трагав по сликите напластени во свеста од раскажувањата и потрагата по минатото на семејството за татковото враќање од Цари­град во куќата пред мене, за заминувањето и враќањето на мојот чичко од Лондон, враќањето на мојата тетка во Албанија, доколку од занесот не ме извлечеше сеприсут­ниот и едноличен глас на водичот Х.Х.: - Ги разбирам вашите чувства, по 38 години да се најдете пред прагот на родниот дом!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми се обновуваше во свеста чудесно предочената медитеранска метафора на Албер Ками овековечена во книгата Кралевство и егзил.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мене нешто мигум ме пресече во свеста, цел еден систем проработе во мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во свеста ми изронуваше распоредот на татковите книги, битката на светите книги со делата на сталинизмот во неговата библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)