Тешко можат да се набројат скапоценостите во сараите, а уште потешко да се оцени нивната вредност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Утредента Сликарот ја крена слушалката и го повика во Сарајот Јусуф беј, неговиот пријател, професорот по Убави уметности од Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ме пуштаа и до дома во Маказар, да ја видам мајка, и пак се враќав таму во сарајот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ти, ми вели, имаш луѓе во сарајот во Ресна, и тие да ни помогнат како власт.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Среде мостот, во сарајот имаше голема дрвена врата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Работата е за жена, нели? Колку анами сакаш да ти наредам во сарајот?“ Воздивна ибн Пајко:
„Ни една.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Првиот вторник се тешеше дека може нешто во сарајот ја спречило: караница со другите анами што сигурно ѝ завидуваат, гости што дошле ненадејно од Истамбул: таа во бањата била претпладне и, брзајќи, си отишла порано.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ибн Тајко отседна во Капан-анот и двапати во денот доаѓаше во сарајот да ѝ ги менува облозите на попарената Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во Сарајов имаме десет амами, ама таа нели со придружбата сака во вторниците да се капе во Чифте-амамот? Женски муабети, кркотења, и такви работи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со полни кошници грозје, набрано од лозјето под Карадаг, тие двајцата се упатија во сарајот на санџак-бегот, но едниот сепак посмел од другиот, зашто си ја немаше мувата на капата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ако бил повеќе загрижен за коњите, 'ртовите, пауните и билбилите во сарајот со мраморни шадрвани, слушал меланхолична песна на една од своите пребели жени и ги заборавал човечките патила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ех, колку за тоа ќе ти кажам, чунки јас сум му на царот к'сметот, што му чинам измет; ај повели по мене да те однесам дури в сарај.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Влегол в сарај, и едно го видоа вардачите, го опколија за да го ватат да го бијат.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Му поткренал дрвата и го однесол в сарај.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Еден ден тој го викна дедо во сарајот и му рече: - Чувајте се.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)