Ми беше единствениот сојузник во самотијата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Додека Шмит-Ротлуф, Хекел, Ото Милер и Пехштајн во текот на дваесеттите години пронајдоа посмирен и поприроден начин на изразување, Кирхнер во самотијата на швајцарските планини го разви своето зрело дело засновано врз обработка на монументални обоени површини, коешто по 1930 премина во линиски орнаменти блиски до апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сама во самотијата, сама меѓу бреговите на смрта и брановите на животот, сама во самотијата!
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Лежам и тишината надвиснала како иронијата, недостижен ми е пулсот на волјата и страста на желбата, повторно и повторно се саможртвував и казнував со преживувањето на истите вакви часови од минатото кои совршено се пресликуваат во сегашноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога вистински им беше потребна во животот, утеха бараа во самотијата и тишината на книгите во нивните библиотеки, која ја нарушуваше гласот на свртените страници, и уште потешко им стануваше, па тие се состануваа и ги поврзуваа гласовите од нивните книги во симфонија на нивното моќно пријателство, составено од безброј нитки, составувајќи го мозаикот на балканската вистина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Блискоста, меѓусебната доверба зајакнувана од збор до збор го зајакнуваа уште повеќе нивното ретко, можеби и единствено пријателство на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Пеј и ти“, му велат, „зошто молчиш; ќе онемиш во самотијава...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Единствено во самотија можат да се смират ветриштата и бурите, т.е. внатрешните борби на духот. 91 Belle Haleine Третиот псевдоним на Duchamp, Belle Haleine, се појави 1921, една година по Rrose Selavy (1920, Duchamp Rose го пишуваше со едно р.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Грчкиот корен на зборот саламандер исто така е интересен; Sala: возбуденост, или salos или zale: силен ветар, бура, и mandra, со истото значење како и во латинскиот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бидејќи, можам добро да замислам како, почнувајќи од тој момент, почнувајќи од тој пораз објавен од постарите браќа, младиот Marcel не можеше а да не ги набљудува со сосем други очи оние на кои до вчера им се восхитувал и чии што теории ги слушал, т.е. да не види во Jacљues Villon, вечно облечен во својата аптекарска јакничка, уметник чесен но здодевен, а во Raymond некој чија што мануелна вештина требаше да се презира од истите причини поради кои Leonardo го презирал Michelangelo, бидејќи, на крајот на краиштата, скулптурата „предизвикува потење и замор”, а оној што се занимава со неа „прекриен е со мермерна прашина како пекарски чирак” (8), додека Duchamp-овата амбиција веќе тогаш беше да воспостави некаква метода, или да спои три вида на делување: сликарот, но и интелектуалецот, и конечно, универзалниот уметник, политехничар, да стане најпосле, во својот век, она што Leonardo беше во својот, човек од одреден маниризам, церебрален и меланхоличен денди, на аристократско растојание од општеството и во самотијата на една соба која е поблиску до печката на филозофот отколку до работилницата на некаков си занаетчија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Предел е тоа проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат си стои од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Предел проколнат, предел скрбен, ко гревот во него да е зачнат, си стои така од дамнини и во самотија гасне.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Да смислам како да ги преживеам следните четири месеци во самотија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тогаш сфати дека има не една, ами илјада и една причина засекогаш да остане тука, оти за првпат го сети стравот од сопствената осаменост, оти му се причини не како да е сам на светот, туку како да е сам меѓу луѓе кои не се негови, во самотија на Мохиканец, на оној што останал последен од својот род.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Залудно, оти мислата му се разбистри дури сега, овде, во снегов, во студов, во самотијата на чекорот, во студениот метал на оружјето, далеку од хаотичната пропаганда која го пополни просторот на непостојната заедничка национална идеологија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но потем, во самотијата на ќелијата, започна и да ги запишува зборовите што немаше кому да му ги каже.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Што е и добро, зашто ниту една стварна врска никако не може да се рамни со задоволството во кое жарко уживате во самотијата на сопствената фантазија, во изолираноста на својата единствена хомосексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најспокојни се во самотијата, таинственоста, изолацијата, осаменоста и во мечтите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
5. По работ на воденичкиот камен шетаат бели ветрови По работ на тешката погача на земјата и летото Бараш пат во самотија ги збираш задоцнетите огнови го допираш лицето до земјата или до нејзиниот студен профил Има моменти кога ние сме помалку она што бевме а повеќе она што можевме да бидеме Изгубени во привиди само му го враќаме на пределот знакот на тихото гинење По работ на воденичкиот камен шетаат бели ветрови…
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Понекогаш, кога во самотијата ќе ми наиде желбата да го повикам, оној другион, кој постојано ме следи, дувнувам неколку пати во шупелката. Но сосема тихо. Само тој да сушне.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Можеби најголемата моќ Мајка ја покажуваше во справувањето во самотијата, во сите фази од својот живот, уште како сираче, кога останала без својата мајка, па во долговечниот егзил, кога Татко заминувал во потрага по спасот, па кога ѝ заминуваа синовите и ќерките, формирајќи свои семејства, па кога исчезна Татко, таа, до крајот од животот, се справуваше со сите облици на самотијата, до нејзиниот дефинитивен облик – смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)