во (предл.) - ринг (имн.)

А џигерите ми останаа во рингот. Дека едно време тренирав бокс... во „мува“ категорија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Милан уживаше да ги гледа петлите кога се перчеа и се топореа како оперски басови, и како мавтаа со крилјата приближувајќи се еден кон друг, како боксери во ринг.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На моменти ќе се подигнеше, но следеа удари сѐ пожестоки и пожестоки, како во ринг.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И дали си придонела за распаѓањето на твоето гнездо со тоа што си летала како ластовица од работа дома и обратно, а секогаш во клунот си носела црви за пилците и за боксерот мочко (вечниот победник во мечевите во рингот без јажиња).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)