БОРИС: Што јазик е овој, ХИФИ боже мил, тој не е во рима, тој не е во стил.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Илона милуваше Деница да ја нарекува пица и тие два слога, извлечени во рима на тросложното име, кажувани бистро, со мали, едвај чујни, префинети одгласи меѓу одделните гласови (Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а), во звукот што произведуваше значење, секогаш беа природно синхронизирани со движењето на двете сочни, умерено пополнети усни развлечени во блага насмевка чиј свод беше сјајот на зелените очи, длабоки и проѕирни, очи без дно, складно сместени во ведрината на нејзиното лице.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Можеби е залудно, и Барбашин не е веќе толку страшен; гледате, дури испадна во рима.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)