Или, кажи ми ти другар“, наеднаш без причина се вознемири Таша, „мајката пред својот син во какво небрано лозје ќе се најде ако мора да објаснува дека таткото можеби веќе и не постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но по долгата расправа само за десет турцизми, тие имаа чувство дека ги очекуваше работа, која ако се одвиваше со досегашното темпо, немаше да заврши и до крајот на нивните животи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Секој третиран турцизам за нив отвораше нови хоризонти во расветлувањето на односите помеѓу луѓето.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)