Често луѓето ги споделуваа семејните и другите празници, обичаите, навиките, но и надежта за посреќни денови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Благодарејќи на стриктната хронолошка организација, „Мислењето како форма“ помага во разбирањето на Бојсовиот прогресивно- редуктивен пристап кон бојата во шеесеттите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сите овие елементи се користени за создавање исклучително апстрактни и минималистички слики врз така секојдневни предмети како: картон, новинска хартија, хартија за завиткување, хартија за шмирглање, листови од дневник и др.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во паузите меѓу читањата разговаравме, и брат ми, ако го имаше читано она што јас во тој миг го читав, ми помагаше во разбирање на несфатеното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога се враќавме дома заедно, мојата мајка уште веднаш ме пречекуваше со прекори, обвинувајќи ме колку многу требало да работат таа и татко во продавницата без мојата помош, или пак објаснувајќи дека на девојките местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со векови, овде, крај Езерово, рисјани и муслимани живееја во слога и во разбирање!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, сине, знај, во оваа земја на езерата некогаш луѓето живееја во слога и во разбирање.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Вистински пробив во разбирањето на самоорганизирањето на домашните територии со помош на мозокот и околинските експресивни квалитети, се случува во рамките на една уште помлада гранка на ВИ: бихевиорално-заснованата ВИ (или, како што понекогаш ја нарекуваат, животински пристап).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)