Холандскиот инженер, Балт ван дер Пол, 1928-та направи математички модел за осцилирачка електронска цевка - онаа којашто предизвикува свиркање во радиото - заснован на динамичката топологија на Поенкаре. Тој го проучувал и чукањето на срцето. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 84
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Навистина, машкото излезе поумно од татка си, па прво заврши факултет а дури потоа со женачката се вработи, ама пак во радиото како соработник во внатрешнополитичката редакција.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Па да, некој од вас нека оди кај Тодор и нека му каже дека може да работиме во радиото, се јави Димитар.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата – бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По ова, Кукулев – од инвентарот кој остана во просториите на Радиото – успеа да си наплати само 90.000 МКД (1.500 ЕУР), што горе-долу е само ½ од вкупниот досуден долг!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Откако го знаеше Баге, тој - постар од него за некоја година - работеше во радиото, дали во студиото или на предавателот, како техничар: и во српско, и во бугарско, и сега во македонско време.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)