Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во работилницата полничка жена и црномурест газда.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
“За разлика од индивидуално создаваната литература -вели Кувер - која е заштитена на еден старомоден начин, како што се заштитува приватната сопственост, ние во работилницата си играме слободно и анархично, работејќи врз заедничкиот проект на просторна литература, кој се нарекува HO- TEL.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Навечер, по вечера, додека Кети работеше во кујната, Милан се зафаќаше со работа во работилницата или во кокошарникот, а Френк одеше на куглање или посетуваше настани со борење, а таа и Даниел седеа во градината како двајца вљубени во парк.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како и да е, Милан сакаше петлите да бидат тука околу него, како што сакаше да му висат тиквите, тиквичките и лејките во работилницата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На двапати му се фати половината и по цел месец не се појави во работилницата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Отиде во работилницата и оттаму донесе една ракатка сено, го чуваа тука за коњите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко му ја отвори колку за една рака онаа другата врата, што водеше во работилницата, и го пушти и таму да открива.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Последователно, теоретичарите од катедралата и манастирот се преселиле во работилница (на универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и почнале да се занимаваат со модели со помош на кои можеле да изработуваат сѐ подобри чевли и со тоа сѐ подобро можеле да го разбираат и да го обработуваат светот како целина.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Најпрвин бил водач на маски со кои се распоредувале бурињата со барут носени од места и по патишта што само тој и главарите ги знаеле, потоа му дале да определува деноноќни смени во работилниците за оружје, да бдее над мајсторите, да ги испитува пушките и камите и, според распоредот на бунтарскиот командант Кара-Тошо, да им ги доделува на нестрпливите чети на чие чело веќе стоеле војводи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога гратчето Негуш дало клетва дека ќе се крене на востание со повеќе села и со други гратчиња против челмоглавата Султанија со побелена брада од слични и поголеми востанија во Србија и во Грција, меѓу прочуените негушки јунаци по потекло Македонски Словени и Грци водени од Кара-Тошо, Ангел Гоцев, Зафирикис и уште неколцина долгомустаќести војводи, се нашол помеѓу побунетите луѓе и дотогаш мирниот казанџија Панделиј Каламарис.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Н беше ковач. Живееше на крајот од градот на осмиот кат, во стан претворен во работилница.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Од катедралите и манастирите теоретичарите се преселија во работилници (универзитет, високо техничко училиште, индустриска лабораторија) и започнаа да се занимаваат со модели преку кои постојано изработуваа сѐ подобри чевли, со тоа сѐ повеќе разбирајќи го и обработувајќи го светот како целина.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Браќата уште како деца некако се спасувале од тој терор одејќи во работилницата на татко си, и му помагале околу сликањето на плочките, а потоа, кога тој ќе се поднапиел, за да не му бидат при рака кога ќе почнел да удира, бегале по улиците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На сестрите им било потешко, но и за нив се појавил некаков спас – Хермине и Јохана отишле да живеат кај родителите на својата мајка сѐ до нивната смрт, а Клара - кај сестрата на татко си.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја тутнав униформата во машината со центрифуга што ја направив во работилницата на моето деветто одделение таа година, потоа ја вклучив.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога дојде до петтата книга, нему okno.mk 191 започнаа да му се случуваат чудни работи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Така например, среде бел ден, на улица, пред влезот во работилниците, тој го здогледа Бан-Абул-Абас-Ахмед-Ибд-Мухамед- Отоман-Ибн-Али, познат арапски математичар со бела чалма.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)