На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престануваат да кружат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Планината отаде шумата пламна во пурпур. Заоѓа сонцето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Втопено во црвенилото на заодбата којa преминува во пурпур, виси сонцето над Бел Камен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Привршува денот. Во заодот на сонцето, небото над Бел Камен гори во пурпур.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во пурпурот на вечерното небо се лизгаат ластовици и танка опашка на недозрел ветар.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја чувствувам како некое егзотично овошје со портокалова боја која се претопува во пурпур.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Денот е на битисување небото над Морава гори во пурпур...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На чардак со безнозе, крадешкум ме погледнува, а во пурпурот останува сликата на најголемиот уметник на сите времиња...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)