Настанаа асоцијации - не само на Теоријата за одговорноста на птиците; СНН, за кого би можело да се расправа - во филмот има места за различни мислења - блиско е поврзан со успорената метаморфоза на човекот во птица.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А тоа што не е Ах, тоа што не е Некаде самува И таговно Пее. кожата Црниот Кафез На моето Бело Пиле. кавал Блажена гранко Дрво, Низ кое се расточува Мојата Лелеава Душа: Кавал. од полен - болен Од полен Болен Од Билки Збран А Не- раз- бран. кој целееше во птицата Утринава Си го држам срцето в раце И Прашувам: Кој целееше во птицата Та мене ме погоди? се будам...
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И видов дојките нејзини кои светлината небеска како ѝ се поткреваа и чув Бог како ѝ довикна: Марија, веќе зора е... Така ми исчезна во сонот Во птица престорена.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Гледајте на ова место дури не прошетал оган нив него Ноќеска ја видов неа тука во птица престорена И на прозорец ми тропна.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со други зборови, претворањето на човекот во птица може да се третира како измислено сомо во приказните, но штом се помине на метафоричниот јазик на поезијата тоа станува вистинито и стварно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но веќе во следниот миг го гледа деда си како стои некаде, не гледа на што стои, и само со очите мрда, а очите му растат, растат, стануваат големи и дедо му веќе го нема, само две очи треперат, па се претвораат во птици, а птиците летнуваат и летаат, летаат кон некаква црвена точка, а точката расте, расте и сè станува црвено... ...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Проклет да бидам, добивме толку многу карактеристики убивајќи толку многу човечко, летавме на пароли, стрелајќи во птиците.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не постоеше веќе никаков страв дека некое од децата ќе се престори во птица и оти ќе излета.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А потоа почна да не ги распознава нештата, да ги побркува – го земаше ножот за да пресече леб со него, а потоа помислуваше дека е игла и бараше од мене да ѝ донесам кошула за да ја закрпи со ножот, компирите ги редеше во шкафот за чевли, и онаа кукла – парталче со избледена крвава трага преку неа, сигурно во еден миг за неа се претвори во птица која ја пушти да одлета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше август кога мајка веќе не можеше да излегува од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Гледај во облаците, во птиците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Не ми се гледа ни во птиците, - намуртено рече Билјана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)