Во себе за случајот на Бургиба почувствував еден вид разбирање, кое беше во противречност со мојата амбиција, не можев да речам кариеристичка занесеност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имајќи ме мене, тој зајде и така се најде во противречност и сега, како што вели и самиот во една своја песна, ќе мора да ја повторува лекцијата на животот, ако воопшто има веќе време и ако воопшто има веќе пред кого, да ја раскаже таа лекција и одново да го положи испитот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе ви докажам дека вие сте таа што запаѓа во противречности и дека никако поинаку не може да биде.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога податоците на вештаците за нивниот наод не се сложуваат суштествено, или ако наодот на еден или на повеќе вештаци е нејасен, нецелосен или во противречност самиот со себеси или со испитаните околности, а тие недостатоци не можат да се отстранат со повторно сослушување на вештаците, судот може да определи супер вештачење... (чл. 246, ст.2sq од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вештакот има право на надоместок на патните трошоци и на трошоците за исхрана и ноќевање, на надоместок на загубената заработка и на трошоци за вештачење, како и право на награда за извршеното вештачење (чл. 241, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поделбата со точно одредени дати е практично невозможна, бидејќи, како што назначува Лотман, човековата култура е динамичен систем, така што, секој обид да се лоцираат етапите на нејзиниот развој со точно утврдени временски граници е во противречност со нејзината динамичност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во тие сложени зборови, токму намерно се соединети поимните противречности, не за да се создаде трет поим, како што понекогаш се случува во кинескиот јазик, туку само затоа, со тој композитум, да се изрази значењето на едниот од неговите членови во противречноста, она што тој член би значел и издвоен...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)