Co тие мисли и тоа цврсто решение стигнаа кај вујка си, којшто сега како маченик од победителниот фронт беше се окуражил и се спремаше да се враќа во Витолишча и да си ја види сметката со тие што го испратија три години во прогонство. My ја откри целата млада душа на вујка си и побара заштита кога ќе се вратат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ричард Флод Дневниците на Енди Бјанка и Халстон сега личат на вистински пар. Како од романса.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Моменталната можност што ѝ се даде на оваа култура умре 1968-та, нешто подоцна прогресот на високата уметност и музиката од улицата дивергираа за првпат во деценијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уметноста се повлече во цитаделите на културата од каде се појави дури од неодамна; рок културата беше пратена во прогонство на Main Street; и повеќето од децата на Фектори, меѓу кои и јас, избирајќи помеѓу Кејт Ричард и пост-минимализмот, се определија за музиката. (...) Но идејата останува заедно со Ворхоловата осудена на пропаст визија, така што мислам дека некаде во музејот на Енди Ворхол, треба да постои оваа, налик на пештера сребрена соба со бели излупени цевки и нечист под.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Отспротива има и такви кои си ги негуваат седите бради, арно ама, тие севезден лелекаат оти само Македонија немала цар во прогонство, севезден прикажуваат за книги што други ги читале и севезден им е подобро отшто на другите им е полошо.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Ги читаше и проучуваше делата на Авицена, односно Ибн Сина, роден во 980 година, во Бухара, голема фигура на универзалната мисла и лекар со најголемо реноме во своето време и делата за Авероес, односно Ибн Рашид, роден во Кордоба во 1126 и починат во прогонство во Маракеш во 1198, познат како андалузиско-арапски поет, филозоф и физичар, основач на филозофската школа авероизам, се обидувал да ја обедини филозофијата на Аристотел со исламот, застапувајќи ја тезата дека не постои никаков конфликт помеѓу филозофијата и религијата, туку само различни начини да се дојде до вистината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со толкувањето на корпусот текстови на Аристотел, Авероес ќе ги најави европските ренесансни процеси, додека андалузискиот период на исламската цивилизација повеќе од осум века не престанува да зрачи со својата митска меморија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Родена и порасната во Бразил, Мартинс се школувала на една француска школа во Рио Де Женеиро и течно зборувала француски.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За да избега од својот несреќен брак отишла во Париз, каде нејзиниот татко веќе живеел во прогонство.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Струпкотрнец, поп во прогонство (садистички убил жена што му се исповедала за неверство) го сочекува Џокомир седнат во лотус положба.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Како таква форма уште еднаш се покажала драмската. (...) Положбата на руската сцена во прогонство ни најмалку не може да се нарече прогонета.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
До крв претепа многумина од начелниците на полицијата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во 1740 година, во времето 124 okno.mk на царувањето на кротката Елизавета, беше фатен во љубовна врска со Авдотја Лопухина, претепан и по сечењето на јазикот, протеран во прогонство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)