Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Трагал до зори, до Мајкиното ритуално влегување во собата, небаре во проверка дали, меѓу Татковите книги, е сѐ уште тука Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)