Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Една долга врвица од дваесетина дивокози се нанижа на најостриот дел од сртот, беше еден црвен срт, а дивокозите наизлегуваа чиниш прозрачни и како сонувани по него, недофатливо високи и тенконоги, целите како во некој сребрест оклоп на одблесокот, дури цевени од него, со стократно наголемени сенки, што се издолжуваа дури до другиот срт отспротија, зачекорени и мирни, и сосема, сосема спори во приближувањето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ниеднаш не го испушти од погледот она клопче, што се лизгаше и ги добиваше сите свои четири нозе и својата умрцната главичка во приближувањето, и тежината, што го влечеше надолу по стрмнината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)