Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Во предвидувањата, на идните ситуации не им претходат некои виши сили.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)