Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кратката студија на Ј. Ц. Катфорд од 1965 година, го зачна одговорот на прашањето за проблемот на лингвистичката непреводливост сугерирајќи дека: Во преведувањето разликуваме алтернативи на ЈЦ за значењата на ИЈ: под тоа не подразбираме пренос на значењата од ЈЦ во ИЈ.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Татко ми беше ангажиран од еден пријател кој подготвуваше еден државен билтен за тоа што пишува странскиот печат за земјата, да му преведува или да му помага во преведувањето на странските текстови.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)